А1: Терористите ограбуваат македонски куќи - Macedonian Center for International Cooperation

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

А1: Терористите ограбуваат македонски куќи PDF Print E-mail
Thursday, 23 August 2001 01:00

tetovo-borbi1Албанските терористите во кризните региони на Тетово и Куманово продолжија со вооружени провокации врз позициите на македонските безбедносни сили.

Вчера попладне, терористите со пешадиско оружје ги нападнале македонските позиции на Попова Шапка, во моменти кога биле присутни и претставници од британскиот контингент на НАТО. Синоќа околу 21 часот албанските терористи и пљачкашки банди со неколку трактори со изгаснати светла вршеле грабеж на покуќнина на Македонците во селото Теарце.

Пет автобуси со протераните македонци, на кои им се придружи уште еден и повеќе приватни автомобили, денеска се упатија кон селата Лешок, Теарце и Доброште со цел да ги пoсетат своите домови и да земат нешто облека, потоа повторно се враќаат со прифатните центри во Скопје. Конвојот е во организација на МЦМС и Координативното тело на владата на РМ за справување со кризи, а во придружба да мониторинг мисијата на ОБСЕ.

Специјалниот пратеник на ЕУ, Франсоа Леотар, денеска бил во посета на Лешочкиот манастир за да изврши увид по минирањето од страна на албанските терористи.

Во кумановско - липковскиот регион терористите со автоматско оружје ги провоцирале македонските безбедносни сили од реоните на селата Матејче, Букурица и Никуштак, а синоќа и од реонот на село Лојане. Со митралески оган терористите пукале врз македонските позиции кај пунктот Млин од реонот на село Ропаљце на што било возвратено.

Извор: А1 (23.08.2001)

 

Google translate

Follow Us

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Се наоѓаш тука  : Home News & Publicity MCIC in the Media А1: Терористите ограбуваат македонски куќи