А1: Терористите ограбуваат македонски куќи |
E enjte, 23 gusht 2001 01:00 | |||
Албанските терористите во кризните региони на Тетово и Куманово продолжија со вооружени провокации врз позициите на македонските безбедносни сили. Вчера попладне, терористите со пешадиско оружје ги нападнале македонските позиции на Попова Шапка, во моменти кога биле присутни и претставници од британскиот контингент на НАТО. Синоќа околу 21 часот албанските терористи и пљачкашки банди со неколку трактори со изгаснати светла вршеле грабеж на покуќнина на Македонците во селото Теарце. Пет автобуси со протераните македонци, на кои им се придружи уште еден и повеќе приватни автомобили, денеска се упатија кон селата Лешок, Теарце и Доброште со цел да ги пoсетат своите домови и да земат нешто облека, потоа повторно се враќаат со прифатните центри во Скопје. Конвојот е во организација на МЦМС и Координативното тело на владата на РМ за справување со кризи, а во придружба да мониторинг мисијата на ОБСЕ. Специјалниот пратеник на ЕУ, Франсоа Леотар, денеска бил во посета на Лешочкиот манастир за да изврши увид по минирањето од страна на албанските терористи. Во кумановско - липковскиот регион терористите со автоматско оружје ги провоцирале македонските безбедносни сили од реоните на селата Матејче, Букурица и Никуштак, а синоќа и од реонот на село Лојане. Со митралески оган терористите пукале врз македонските позиции кај пунктот Млин од реонот на село Ропаљце на што било возвратено. Извор: А1 (23.08.2001)
|