А1: Хуманитарниот конвој успешно пристигна во Вратница |
Tuesday, 07 August 2001 01:00 | |||
Конвој со хуманитарна помош за жителите во општина Вратница, со 40 тони храна, медицински и хигиенски материјал од Скопје, денеска повторно треба да се упати кон оваа подрачје - соопшти владиното Координативното тело за справување со кризи. Кај селата Непроштено и Џепиште, конвијот бил запрен со цел да се извршат консултации меѓу МЦМС, ОБСЕ и претставникот од владиното тело за справување со кризи за безбедносната состојба на патот Тетово - Јажинце. На патот немало физички блокади, според изјавата на Сашо Клековски директорот на МЦМС, иако претставниците од ОБСЕ не се сложиле со тоа конвојот да продолжи. И покрај убедувањата на координатерот на координативното тело Тихомир Илиевски со возачите дека се e во најдобар ред и дека нема да бидат загрозени нивните живото сепак четири од шесте камиони со хуманитарна помош се упатиле кон Скопје. Дел од ковојот кон продолжил кон Вратница бил сопрен кај Џепиштите каде што била поставена барирада за по извесно време да го продолжи патот кон Вратница. Дел од конвојот пристигнал таму, а другиот дел се упатил кој Јажинце. Според градоначалникот на општина Вратница, Тони Коцевски при крај се сите резерви од храна и лекови за населението, кое подолго време живее отсечено. Конвојот што го организираше Македонскиот центар за меѓународна соработка во саботата беше блокиран од жители Албанци од село Доброште, на кои им се придружија и вооружени лица во црни униформи. Претседателот на владиното тело за справување на кризи Илија Филиповски вчера во Скопје имаше средба со висок преставник на мисијата на ОБСЕ во Скопје на која е разговарано за создавање на услови за враќање на раселените лица и за организирање на хуманитарни конвои во населените места во кризните подрачја. Извор: А1 (07.08.2001)
|