Одржани првите акциски сесии во Умин Дол и Горно Коњаре - Macedonian Center for International Cooperation

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Одржани првите акциски сесии во Умин Дол и Горно Коњаре PDF Print E-mail
Thursday, 19 November 2015 14:50

Локалната инфраструктура беше тема на првите групни сесии што се одржаа во Умин Дол и Горно Коњаре, општина Куманово, во рамките на проектот „Акции во заедницата“, кој го спроведува МЦМС со финансиска поддршка од Амбасадара на Кралството на Велика Британија во РМ.

gorno-konjare

На првата сесија од акцискиот процес граѓаните, поделени по работни маси, даваа предлози и решенија за најприоритетните инфраструктурни проблеми од областа на локалната патна мрежа, јавните површини, водоснабдувањето, канализацијата, образованието, јавното осветлување, спортските терени и игралишта, детската градинка и животната средина. Како најприоритетни беа истакнати проблемите со локалните патишта, канализациската и водоводна мрежа и училишните објекти.

Работната група, која ја сочинуваат претставници на жителите од Умин Дол и Горно Коњаре, заедно со тимот на МЦМС и општина Куманово, предлозите ќе ги развие во концепти и предлог проекти, по што учесниците во акцискиот процес ќе одлучат кој проект како најприоритетен ќе се реализира од проектниот фонд во висина од 25.000 фунти по месна заеница.

umin-dol-1

Валентина Алексовска, секретар на општина Куманово, истакна дека се надева оти жителите на овие две месни заедници ќе изберат реални и остварливи проекти со кои ќе го подобрат квалитетот на животот. „Локалната самоуправа е подготвена да го кофинансира избраниот проект од страна на жителите, доколку тој ја надминува вредноста на проектниот фонд“, рече Алексовска.

Проектот „Акции во заедницата“ опфаќа три групни сесии на кои граѓаните ќе дискутираат за своите потреби и три работилници за развивање на нивните иницијативи во проекти. Тие ќе се реализираат во периодот ноември-декември, а инфраструктурниот проект е превидено да се спроведе во периодот јануари-март 2016 година.

umin-dol-2

Целта на овој проект е да се поттикне и да се зајакне граѓанското учество во донесувањето одлуки на локално ниво преку демократски начин на одредување на приоритетните потреби и постигнување на видливи социјални и економски ефекти во локалните заедници.

 

Google translate

Follow Us

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Се наоѓаш тука  : Home News & Publicity News Одржани првите акциски сесии во Умин Дол и Горно Коњаре