Протест Еден мора да си оди - Macedonian Center for International Cooperation

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Протест Еден мора да си оди PDF Print E-mail

Велес веќе 30 години е најзагадениот град во Република Македонија како резултат на долгогодишната работа на Топилницата. Според Светската здравствена организација градот е класифициран како ризично и критично место за живеење. Заради економски причини, Топилницата не работи во последните пет години. Оваа година странски инвеститори сакаат да ја купат и да ја рестартираат Топилницата. Зелената коалиција јавно го искажа своето противење на рестартирањето на фабриката на старата локација и со застарена технологија. Напорите да се постигне согласност за обновување на инсталациите или дислокација на Топилницата со надлежните институции завршија безуспешно.

Протест Еден мора да си одиОпшта цел на проектот беше организирање кампања за намалување на загадувањето на Велес. Цел на проектот беше организирање протест за изразување на мислењето и волјата на жителите на Велес за обнова или дислокација на Топилницата со мотото „Еден мора да си оди“. Целна група на проектот беа Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП), Владата на Република Македонија и актуелниот инвеститор во Топилницата. Директни корисници се жителите на Велес. Целно подрачје беше Република Македонија. Проектот се реализираше во Велес.

Со проектот се постигнаа следните резултати: Информирана јавност за состојбата со животната средина во Велес; Информирани надлежни институции; Упатен протест до актуелниот инвеститор во Топилницата; и Јавно изразување на ставот на граѓаните, ГО и локалните чинители да не се дозволи рестарт на Топилницата на постојната локација и со старата технологија.

Проектот се спроведе преку следните активности:

а) Информирање на надлежните институции: Во проектниот период членките на Зелената коалиција одржаа состаноци со Државната комисија за спречување на корупцијата и со Народниот правобранител на Република Македонија, при што ги запознаа институциите со проблемите кои ќе произлезат доколку се продаде Топилницата на инвеститор кој ќе работи со старата опрема на старата локација.

б) Протест “Еден мора да си оди“: Протестот се одржа на 10 јуни 2008 г. на плоштадот Сармаале во Велес. На протестот учествуваа повеќе од 4.000 велешани. На протестот беше упатено барање да не се дозволи рестартирање на Топилницата и да се заштити Велес од можност за повторно загадување. Беа пуштени 100 црни балони, како симбол на чадот кој со години се пушта од Топилницата и зелени балони, како симбол на чистиот воздух кој велешани го бараат.  Потоа поворка од луѓе се упати кон Топилницата предводени од багер и беа запалени 1.000 свеќи, во име на илјадниците жртви кои Топилницата ги даде со своето долгогодишно работење.

Периодот на спроведување е беше 1 јуни – 31 август 2008 година.

Претпоставки кои влијаеја и придонесоа кон постигнување на проектните резултати се: јавноста беше заинтересирана за учество во протестот; надлежните институции имаа волја да ја поддржат граѓанската иницијатива, жителите на Велес јавно го изразија незадоловството од рестартирањето на Топилницата.

Информации за проектот се доставија до сите медиуми, членките на ГПМ и други ГО, како и до повеќе институции. Настанот наиде на огромен одѕив во јавноста, односно беше најавен и за него информираа сите локални медиуми, како и останатите медиуми (А1, Канал 5, Дневник и др.). За протестот беше отпечатен и пропаганден материјал: информативни брошури, летоци, плакати, маички и банер.

ЕД „Вила зора“ беше одговорна за спроведување на проектот. Одговорен соработник во МЦМС за раководење со проектниот циклус беше Даниела Стојанова, соработник на проекти во Одделението за граѓанско општество. Можните ризици не се остварија.

Буџетот изнесува 99.000 денари.

 

Извршно резиме од проектот.

 
Се наоѓаш тука  : Home About Us Our History