Перцепции на граѓаните за безбедноста - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Перцепции на граѓаните за безбедноста PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike

Автор: Гонце Јаковлеска
Дата: февруари 2025
PDF: percepcii-za-bezbednosta.pdf

percepcii za bezbednostaМнозинство од граѓаните (59,8%) сметаат дека безбедноста во земјава е многу или главно загрозена. Жените се позагрижени од мажите па 64,8% од нив сметаат дека безбедноста е многу или главно загрозена, за разлика од мажите каде тој процент изнесува 54,9%.Гледано од аспект на возраста и работниот статус, испитаниците над 65 години и пензионерите се побројни (71,1% односно 70,6%) меѓу оние кои така ја перципираат безбедносната состојба. Разлики во перцепциите можат да се забележат и кај различните етнички заедници па така, нешто на половина од етничките Албанци (52,2%) рекле дека безбедноста е многу или главно загрозена, за разлика од 61,1% од етничките Македонци и 65,9 од другите заедници. Загриженоста за безбедноста опаѓа со зголемувањето на степенот на образование на испитаниците од 67,0% кај оние со незавршено основно образование до 47,2% кај оние со завршено високо образование. Географски гледано, најмалку загрижени се жителите на Полог (47,1%), а најзагрижени оние од Североисточниот регион (92,7%).

Истражувањето е спроведено со телефонска анкета на национален репрезентативен примерок од 1000 испитаници во периодот од 29 април до 13 мај 2024 година.

Поголем дел од прашањата се засновани на искуствата и глобалните истражувања за социо-културните норми: Европската студија на вредности; Европскиот барометар; и Цивикус - Индексот на граѓанското општество. Другиот дел од прашањата се од претходните истражувања на МЦМС, кои ја испитуваа довербата и општествената одговорност на граѓаните.

Анкетата беше спроведена од 29.04 до 13.05. 2024 година, на репрезентативен примерок од 1.000 испитаници. Популациската рамка на примерокот беше население постаро од 18 години, а критериуми за репрезентативност беа: пол, етничка припадност, возраст, место на живеење и региони.

Собраните податоци се обработени со честота и пропорција на одговорите. Податоците се со ниво на доверба од 95% и со грешка од +/- 3%. Резултатите се прикажани во графикони на ниво на целиот примерок. Освен со графикони, податоците се прикажани и во бројки.

 
Се наоѓаш тука  : Fillimi Për punën tonë Ngritja e vetëdijes dhe fushatat