„Од различност до праведност – еднакви во правото на здрава и одржлива животна средина за сите“ - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

„Од различност до праведност – еднакви во правото на здрава и одржлива животна средина за сите“ PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike
E hënë, 23 qershor 2025 20:28

На 16 јуни 2025 година, во Europe House Скопје се одржа тематскиот форум „Од различност до праведност – еднакви во правото на здрава и одржлива животна средина за сите“, во организација на партнерските организации Центар за младински активизам КРИК, Центар за социјална иницијатива НАДЕЖ и Здружението на социјални работници на Македонија. Настанот беше дел од проектот „Заеднички за зелено застапување за заштита на животната средина (ЗЗЗ)“, поддржан од Владата на Швајцарија преку програмата Цивика мобилитас, и стави акцент на важноста од креирање инклузивни, правични и млади-информирани еколошки политики.

Screenshot 2025 06 23 213303

Настанот го отвори координаторката на проектот, Ангела Здравковска, со говор во кој беа презентирани загрижувачки податоци од најновата национална анализа. Таа ги истакна главните заклучоци од истражувањетокако податокот дека повеќе од 90% од младите не знаат каде и како да пријават загадување, како и фактот дека 77,4% би волонтирале за заштита на животната средина – ако им се даде можност.

Во продолжение на форумот се одржа и панел-дискусија насловена „Млади, климатска правда и институции“, модерирана од Ана Зафирова. Панелот ги поврза гласовите на младите, институциите и граѓанскиот сектор во насока на отворање дијалог за климатската правда, еколошката нееднаквост и потребата од системско вклучување на младите во политиките за животна средина.

Screenshot 2025 06 23 213808

Во панелот учествуваа Душица Перишиќ, извршна директорка на ЗЕЛС; Андријана Ѓелевска, експертка за акциско истражување и авторка на дел од националната анализа; Филип Ивковски, поранешен претседател на Националниот младински совет на Македонија; Александра Димитриевска Аврамовска, раководителка на одделението за комунална инспекција и инспекција за животна средина при Општина Гази Баба.

Настанот беше и прва официјална презентација на документот „Од различност до праведност – еднакви во правото на здрава и одржлива животна средина за сите“, кој претставува сеопфатна национална анализа спроведена во осумте плански региони на земјава. Анализата е резултат на обемно акциско истражување кое вклучи: анкета со повеќе од 1200 млади од сите осум плански региони, 18 фокус групи со 148 млади учесници, осум тркалезни маси со 128 учесници – претставници на општини, младински совети, социјални служби и граѓански организации, како и 11 индивидуални интервјуа со засегнати страни.

Screenshot 2025 06 23 213604

Истражувањето покажува дека климатските и еколошките проблеми не ги засегаат сите еднакво – младите од Полошкиот Регион, од рурални средини, од ромските заедници или младите со попреченост најчесто се исклучени од процесите, но најдиректно погодени од последиците. Истовремено, тие имаат и најголема волја за ангажман – ако добијат простор и поддршка.

Проектот ЗЗЗ се стреми да ја исполни токму таа празнина – да го спои еколошкото со социјалното, младинското со политиката, и да изгради нов модел на зелено застапување во кој младите се креатори, а не само публика. Тематскиот форум беше само првиот чекор – следат активности, локални работилници, застапувачки иницијативи и презентации на локално ниво, сè со цел поголема видливост на анализата, но и поттик за дејстввање.

 

 

Google translate

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Проекти

Кодекс за граѓански организации

 

Civica Mobilitas

Отчетни ГО

Граѓански ресурсен центар

 

СЕЛДИ

Се наоѓаш тука  : Fillimi Lajme dhe opinioni Lajme „Од различност до праведност – еднакви во правото на здрава и одржлива животна средина за сите“