Прекинот на поддршката од УСАИД сериозно го погоди граѓанското општество во Северна Македонија |
![]() |
![]() |
![]() |
E hënë, 02 qershor 2025 13:27 | |
Од почетокот на 2025 година, финансиската поддршка од Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД) за Северна Македонија е значително намалена, што создаде сериозни последици врз работата на граѓанскиот сектор. УСАИД, која повеќе од три децении беше стратешки партнер на граѓанското општество, повлече речиси 37 милиони американски долари, планирани за периодот 2025–2028 година. Прекинот најмногу ги погоди областите на: добро владеење и антикорупција, младинско учество, медиуми и образование, демократија и човекови права, економски развој, социјална инклузија и дигитална и сајбер-безбедност.
Најпогодени програми се: „Партнерство против корупцијата“ со околу 8,5 милиони долари, „Граѓаните против корупцијата“ со околу 4 милиони долари, „Младите размислуваат“ -(YouThink) и младинскиот проект „Младите активно креираат можности“ – (YACO) со приближно 2,5 милиони долари. Последиците од оваа одлука се веќе видливи. Организациите кои ги спроведуваа проектите се соочуваат со финансиска нестабилност и намалување на бројот на вработени. Уште поголеми се последиците за развојот на општеството заради прекинување на програмите кои требаше да донесат придобивки во клучните области како што е борбата против корупцијата, работата со младите и градењето отпорност преку медиумската писменост. Податоците презентирани во извештајот се собрани и обработени преку деск истражување и анализа од официјалната веб-страница за меѓународна поддршка за развој на САД: https://foreignassistance.gov/. Истражувањето се спроведуваше во периодот февруари – март 2025 година, со фокус на активните програми и активности поддржани од УСАИД во Република Северна Македонија за периодот 2021–2028 година. Дел од податоците недостасуваат затоа што не постоеја алтернативни извори за потврда.
|