Реакција на Платформата на нетранспарентноста на процесот на преговарање и договарање на т.н. договори Влада со Влада |
![]() |
![]() |
![]() |
E premte, 23 maj 2025 12:30 | |
Платформата на граѓански организации за борба против корупција реагира на нетранспарентноста на процесот на преговарање на договорот меѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Обединетото Кралство во врска со партнерство за реализација на инфраструктурни проекти, односно како што го нарекува Владата „Договор Влада со Влада“. Ова е веќе втор договор од ваков тип, и исто како и договорот со Република Унгарија, се потпишува без претходно и навремено јавноста да биде информирана за деталите и условите кои се прифаќаат. Платформата смета дека еднакво како што се јавува целосна транспарентност на трошењето на парите од оваа кредитна рамка, Владата требаше да обезбеди транспарентност и на процесот на преговарање и условите кои се вклучени во договорот што Владата го прифати на својата седница на 20 мај 2025 година и го потпиша на 22 мај во Лондон. Оттука, Платформата бара од Владата да ги објавува во јавноста деталите од ваквите договори пред потпишувањето на договорите, а не откако тие ќе се потпишат и условите во нив веќе ќе бидат прифатени. Впрочем, во Стратегијата за управување со јавен долг 2025-2027, јасно стои дека при управувањето со долгот, еден од принципите е „обезбедување на транспарентност при процесот на креирање на долгот.“ Договори за стратешки партнерства со пријателски земји како што е Обединетото Кралство не смеат да се злоупотребуваат за тајно водење на преговори и задолжување на граѓаните под услови за кои тие претходно не биле информирани и ги немале потребните сознанија за да веруваат дека во нивно име е направен најдобриот избор.
|