Successful Exploitation of IPARD Funds - Macedonian Center for International Cooperation

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Successful Exploitation of IPARD Funds PDF Print E-mail

Уредник: Неда Малеска Сачмароска
Дата: 2007 година
ISBN: 978-9989-102-42-4
PDF:
uspesno-iskoristuvanje-na-fondovite-IPARD-2007.pdf

Успешно искористување на фондовите ИПАРДР.Македонија влезе во нова фаза во евроинтеграциските процеси со стекнување статус на земја кандидат за полноправно членство во Европската Унија со што доби право и можност да ги користи претпристапните фондови на Европската Унија за поддршка во исполнувањето на критериумите за членство.

Инструментот за претпристапна помош е финансиски инструмент, кој во финансиската перспектива 2007-2013 година треба да ги замени претходно достапните ИСПА, САПАРД и ФАРЕ, и финансискиот инструмент КАРДС.

Инструментот за претпристапна помош (ИПА) се состои од 5 компоненти: (1) институционална надградба, (2) прекугранична соработка, (3) регионален развој, (4) развој на човечките ресурси, и (5) рурален развој.

Претпристапната помош – руралниот развој (ИПАРД), има специфична долгорочна цел во насока на подготвување на македонскиот земјоделско-прехранбен сектор кон исполнување на барањата на aquis comunitaire, како и ефикасно спроведување на програмите и искористување на програмите и искористување на фондовите од Европската Унија.

Во моментот, македонскиот земјоделски и рурален сектор се соочува со значајни предизвици, во однос на можностите за квалитетно земјоделско производство, конкуренцијата од регионалните, од европските и од меѓународните пазари, начините на подобрување на квалитетот на живеење во руралните средини, отворање нови работни места итн.

Во таа насока, важен е ефективниот и добро координиран одговор на институциите на државата при креирањето на соодветната земјоделска политика, прилагодувањето на законската регулатива и реформите во јавните институции. Меѓутоа, во овој процес исклучително потребно и важно е мобилизирање на сите други релевантни актери и чинители кои директно или индиректно влијаат во земјоделскиот и во руралниот сектор.

Во овој контекст е и инцијативата на Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП) за изготвување на текстовите насловени како „Успешно искористување на фондовите ИПАРД”.

Оваа публикација е обид да ги собере искуствата на поранешните земји кандидатки со правниот и фактичкиот претходник на ИПА(РД) – програмата САПАРД, и да извлече поуки од тие искуства; да утврди кои се и какви треба да бидат административните капацитети и структури коишто ќе ја раководат финансиската помош; да информира за начините на раководење со фондовите ИПАРД и за условите под кои Македонија ќе може да ги користи овие фондови; да ја запознае јавноста со условите и критериумите за одобрување проекти и користење средства од програмата ИПАРД; да ги запознае читателите со методологијата на постапката за изработка и оценување на инвестициските програми итн.

Веруваме дека авторските текстови на оваа публикација ќе ја остварат својата цел - поголемо информирање на јавноста за можноста и достапноста на фондовите ИПАРД и вовед во дискусијата за предизвиците кои допрва ни очекуваат.

 

Follow Us

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Се наоѓаш тука  : Home Our Work Research & Publications Resource materials