Битолчани задоволни од сработеното - Macedonian Center for International Cooperation

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Битолчани задоволни од сработеното PDF Print E-mail
Friday, 12 November 2010 13:10

Заврши уште еден форумски процес во рамките на програмата Форуми во заедниците. Вчера, 11 ноември, во Домот на културата, се одржа последователната форумска сесија во општина Битола.

Битолчани задоволни од сработеното

Пред точно две години, во оваа општина, се одржа првата форумска сесија, на која граѓаните ги искажаа нивните проблеми во заедницата. Денес целиот овој процес се заокружи со реализирани четири проекти. На последователната сесија учествуваа околу 80 граѓани. Учесниците уште еднаш беа потсетени како течеше целиот процес, кои проекти се реализираа и упатените препораки до општината за тие проекти за кои немаше финансиска поддршка.

Во текот на овие две години се одржаа седум форумски сесии. Граѓаните активно учествуваа во идентификувањето на проблемите и во подготовката на предлог проектите. Од првичните осум идеи, четири прерасна во проекти и подоцна беа реализирани: Амбиентално уредување на училишниот двор и спортски комплекс во с. Кишава; Тумбе Кафе како спортски рекреативен комплекс; Тумбе Кафе – основна инфраструктура и Тумбе Кафе како културна историска знаменитост.

„Денес се собравме да заокружиме еден прекрасен проект, кој го реализиравме заедно со СДЦ и МЦМС. Тоа е благодет за сите наши граѓани. Имавме прекрасна соработка. Се почитуваше мислењето на граѓаните кои беа вклучени во форумскиот процес. За нив приоритет беше Тумбе Кафе и училиштето во с. Кишава. Ова е голема придобивка за сите“, рече Владимир Талевски, градоначалникот на општина Битола.

Битолчани задоволни од сработеното

За Агрон Махмуди, заменик-директор на училиштето „Крсте Петков Мисирков“ од с. Кишава, ова претставува доказ дека битолчани, освен за нивниот град се грижат и за руралните заедници. „Радоста е голема. Веќе подолго време имавме мака со спортскиот терен во училиштето. Теренот беше за никаде. Учениците мораа на прашина да вежбаат. А уште полошо кога ќе заврнеше. Сега веќе ова е минато. Многу сме благодарни што форумот гласаше за нашиот проект“, рече Махмуди.

Вкупниот буџет на проектите изнесуваше 11.719.370 денари, од кои четири милиони денари донација од Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ) и 7.719.370 денари учество од општина Битола.

На присутните им се обратија градоначалникот на општина Битола, Владимир Талевски, Димче Митрески од МЦМС и Кристина Хаџи Василева, директор на Единицата за координација на форумите.

 

Google translate

Follow Us

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Се наоѓаш тука  : Home News & Publicity News Битолчани задоволни од сработеното