Водоснабдување на општина Јегуновце - извршно резиме - Macedonian Center for International Cooperation

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Водоснабдување на општина Јегуновце - извршно резиме PDF Print E-mail
Monday, 13 October 2008 10:16

Голем број на села во Република Македонија сеуште страдаат од недостаток на доволни количини квалитетна вода за пиење. Причина за тоа најчесто е бактериолошката загаденост на водата, недоволен капацитет (посебно во периодот јуни-септември) и невоспоставен добар модел за стопанисување и одржување на водоводните системи.

ВОЈОпштина Јегуновце е рурална општина лоцирана во северозападниот дел од Македонија. Денес, општината Јегуновце е составена од две поранешни општини: Јегуновце и Вратница, во која живеат 10,790 жители. Селата од поранешната општина Јегуновце, иако во најголем дел имаат сопствени локални водоводни системи, сепак, заради неодржување на истите, лош квалитет на водата, како и заради проблеми со техничкото функционирање, дел од нив сеуште се соочуваат со проблеми во сопственото водоснабдување.

За таа цел, во првата половина на 2007 година Норвешката асоцијација на локални и регионални власти (КС) со локална поддршка на Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) изготви сеопфатен Секторски план за водоснабдување на 12 села, ограничен на поранешната општина Јегуновце (ПОЈ) и село Озормиште во општина Желино. Во понатамошниот период, МЦМС во рамките на претходната програма за Водоснабдување и санитација на заедниците (ВСЗ) ги продолжи понатамошните преговори и консултации со НЦА и Норвешкото МНР околу моделот за понатамошната реализација на оваа програма. Врз основа на тоа, одлучено е КС во партнерство со МЦМС да ја преземе целокупната одговорност за реализација на програмата за сеопфатно водоснабдување на општина Јегуновце, а НЦА да се повлече од понатамошната реализација.

Општа цел на програмата е да се подобри водоводната рурална инфраструктура, а со самото тоа да се придонесе во подобрување на здравјето на луѓето и создавање на услови за економски активности во заедниците.

Цел на програмата е да се обезбеди пристап до доволни количини на здрава вода за пиење во заедниците од општина Јегуновце. Фокусот на оваа програма е да се подобри водоснабдувањето во 11 села од поранешната општина Јегуновце, како и во с.Озормиште од општина Желино.

Програмата планира да ги постигне следниве резултати:

  • Изградени и функционални системи за водоснабдување;
  • Подобрен капацитет на општинското јавно претпријатие-ОЈП Јегуновце за стопанисување и одржување на водоводните системи; и
  • Зголемена јавна свест за потребата од сопствена реализација на индивидуални приклучоци со водомери и наплата на водата што се користи од новите водоводни системи.

Активностите преку кои ќе се постигнат овие резултати се:

  • Изработка на техничка документација за изградба на водоводи и изведба на бунари;
  • Изградба на функционални водоводни системи;
  • Градење на капацитети на ОЈП Јегуновце; и
  • Кампања за јакнење на јавната свест за воспоставување на организиран начин за стопанисување и одржување на водоводните системи од страна на ОЈП Јегуновце.

Целна група на програмата се жителите на 11 села од општина Јегуновце (сите села од поранешната општина Јегуновце) и село Озормиште од општина Желино кое заради неговата географска положба ќе биде вклучено во регионалниот систем за водоснабдување на општина Јегуновце. Директни корисници на програмата се вкупно 8,446 жители во 1.962 семејства од 12 населени места. Покрај населението, директен корисник на програмата е и Општинското јавно претпријатие - ОЈП Јегуновце.

Целното подрачје на програмата е рурално, односно истата ќе се спроведе во општина Јегуновце со фокус на селата од поранешната општина Јегуновце.

МЦМС во блиска соработка со КС има одговорност за спроведување на програмата и донесувањето одлуки. Покрај КС и МЦМС, во реализација на програмата активно ќе бидат вклучени Општината Јегуновце и Општинското јавно претрпријатије – ОЈП Јегуновце, вклучително и претставниците на месните заедници (МЗ) во селата каде што ќе се реализираат водоводните системи.

Временскиот период на спроведување на програмата е од октомври 2007 до декември 2008 година.

Планираниот буџетот изнесува 625,000 ЕУР (38,250,000 МКД). Сите средства се финансиска поддршка на Норвешка асоцијација на локални и регионални власти (КS) www.ks.no обезедбедени од норвешкото министерството за надворешни работи (НМНР).

Тековен извештај од програмата.

 

Google translate

Follow Us

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Се наоѓаш тука  : Home News & Publicity News Водоснабдување на општина Јегуновце - извршно резиме