Перцепцијата на дискриминацијата е „порозова“ од реалноста |
E martë, 15 shtator 2009 10:04 | |||
МЦМС денес го промовираше истражувачкиот извештај Барометар за еднакви можности чии авторки се проф. д-р Виолета Петроска Бешка проф. д-р Мирјана Најчевска. „Перцепциите не секогаш се поклопуваат со фактичката состојба“, рече проф. Бешка, „но без разлика, тие се многу важни“.Истражувањето беше фокусирано на: перцепцијата на дискриминацијата, на искуствата и борбата против дискриминацијата, на познавањето на правата како и ставот кон еднаквите можности за вработување.
Во посебен дел од извештајот направена е анализа на податоците низ призмата на досегашните искуства или како што рече проф. Најчевска, „обид да се проблематизира сликата од извештајот“. Таа уште направи и врска помеѓу податоците од извештајот и актуелните напори за донесување Закон за недискриминација и формирање посебно тело за еднаквост. Истражувањето е дел од програмата Прогрес на Европската комисија што заедно ја спроведуваат Полио плус, МЦМС, Центарот за човекови права и разрешување конфликти и Министерството за труд и социјална политика. Анкетата е направена од страна на Центарот за човекови права и разрешување конфликти, во соработка со Брима од Скопје на примерок од 1.606 испитаници. Истражувани се перцепциите, ставовите, познавањата и свесноста за дискриминација по следните основи: пол, етничка припадност, религија или уверување, возраст, инвалидност (односно попреченост во развојот), сексуална ориентација и партиска припадност. Повеќе може да видите во прес соопштенијата поврзани со истражувањето:
|