Се одржа првата обука за дообро управување - Macedonian Center for International Cooperation

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Се одржа првата обука за дообро управување PDF Print E-mail
Sunday, 30 September 2007 01:00

добро управувањеМакедонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), на 28 септември, во хотелот Континентал, ја промовираше новата обука „Добро управување – зголемена оддржливост“ наменета за граѓанските организации во Македонија. На промоцијата, на присутните, им се обратија Сашо Клековски, Извршен директор на МЦМС, Елвис Али, таск менаџер во Европската агенција за реконструкција и Сузана Никодијевиќ-Филиповска раководител на секторот за анализа на политики и координација при Генералниот секретаријат на Владата на РМ.

Обуката се спроведуваше од 28 до 30 септември 2007 година и на неа учествуваат 20 претставници на раководните (извршни и управни) тела на граѓанските организации, членки на Граѓанската платформа на Македонија (ГПМ), како и останати граѓански организации во земјата.

570993704305804f87cbba716cc9a213Во овие три дена учесниците разговараа за концептот на управување, за разликите меѓу управувањето и менаџирањето, за управувањето во однос на доброто управување, за приликите во кои делуваат управните органи, за спречувањето на судирот на интереси итн. Се очекува оваа обука да го зголеми разбирањето за принципите на добро управување од страна на граѓанските организации, засновани на демократичност и отчетност.

МЦМС, заедно со Граѓанската платформа на Македонија презема и други чекори чија крајна цел е доброто управување во граѓанскиот сектор. Освен обуката, се подготвува и Етичкиот кодекс кој треба да придонесе за подобрување на процесите на саморегулација на граѓанските организации во Македонија, а во завршна фаза е и студијата за транспарентност, демократичност и отчетност. Овие активности се дел од програмата Институционален развој на граѓанското општество (2006-2008).

добро управувањеСо подигнувањето на стандардите за транспарентно и отчетно работење во својот сектор, граѓанските организации ќе можат да побараат одговорност и добро управување од граѓаните и институциите на општеството.

Настанот е овозможен со помош на Европската агенција за реконструкција преку финансирањето од Европската унија.

 

Google translate

Follow Us

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Се наоѓаш тука  : Home News & Publicity News Се одржа првата обука за дообро управување