Покана за промоција - Macedonian Center for International Cooperation

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Покана за промоција PDF Print E-mail
Friday, 15 February 2008 01:00

МЦМС и ЦИРа ве покануваат на промоцијата на три изданија од програмата за работа на Граѓанската платформа на Македонија од областа на законската рамка за граѓанските организации. Промоцијата ќе се одржи на 19 февруари 2008 г., (вторник) во хотелот „Континентал“ во Скопје со почеток во 11 часот.

Целта на публикациите е да придонесат во подобрувањето на правната и на фискалната рамка за граѓанските организации и на мобилизацијата на ресурси.

Јавниот интерес и граѓанските организации

Публикацијата претставува преглед на статусот на јавниот интерес во повеќе европски земји, како и преглед на домашното законодавство кое го регулира јавниот интерес.

(подготвена во соработка со Европскиот центар за непрофитно право – ЕЦНЛ)

Економски активности на граѓанските организации

Публикацијата претставува преглед на можностите на граѓанските организации да се занимаваат со економски активности во повеќе европски земји, како и постоечкото решение во Република Македонија. (подготвена во соработка со Европскиот центар за непрофитно право – ЕЦНЛ)

Социјални услуги и самофинансирачки активности на граѓанските организации

- Анализа на контекстот и практиките на реализација во Република Македонија

Публикацијата претставува преглед на статусот на граѓанскиот сектор како договорен вршител на работи од јавен интерес и со јавни овластувања од страна на јавни институции, како и преглед на домашното законодавство што го регулира истото.

Лице за контакт:
Даниела Стојанова ( This e-mail address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it ; 02/3065-381)

 

Google translate

Follow Us

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Се наоѓаш тука  : Home News & Publicity News Покана за промоција