Промовирани три публикации од областа на законската рамка за граѓанските организации |
Wednesday, 20 February 2008 01:00 | |||
Македонски центар за меѓународна соработка (МЦМС) и Центарот за институционален развој (ЦИРа), на 19 февруари оваа година, промовираа три публикации од програмата за работа на Граѓанската платформа на Македонија од областа на законската рамка за граѓанските организации.
На промицијата беа презентирани публикациите „Јавниот интерес и граѓанските организации“ и „Економски активности на граѓанските организации“ издадени од МЦМС во соработка со ЕЦНЛ и „Социјални услуги и самофинансирачки активности на граѓанските организации“ подготвена од ЦИРа. „Целта на ЦИРА како издавач на публикацијата „Социјални услуги и самофинансирачки активности на граѓанските организации“ е да ги приближат практиките на реализирање услуги и економски активности од страна на граѓанските организации во Република Македонија врз основа на извештајот од истражувањето„, истакна Зоран Стојковски извршен директор на ЦИРА и ко-автор на публикацијата „Социјална услуга и самофинансирачки активности на граѓанските организации. Тој рече дека целта на публикацијата е да се стекне разбирање за потребите од поддршка на непрофитните организации и на организаците во заедниците кои сакат да ја диверзифицираат својата основа на приходи преку социјални услуги и економски активности.
|