Промовирани три публикации од областа на законската рамка за граѓанските организации - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Промовирани три публикации од областа на законската рамка за граѓанските организации PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike
E mërkurë, 20 shkurt 2008 01:00

Македонски центар за меѓународна соработка (МЦМС) и Центарот за институционален развој (ЦИРа), на 19 февруари оваа година, промовираа три публикации од програмата за работа на Граѓанската платформа на Македонија од областа на законската рамка за граѓанските организации.

e1

На промицијата беа презентирани публикациите „Јавниот интерес и граѓанските организации“ и „Економски активности на граѓанските организации“ издадени од МЦМС во соработка со ЕЦНЛ и „Социјални услуги и самофинансирачки активности на граѓанските организации“ подготвена од ЦИРа.

“Целта на публикаците е да придонесат во подобрувањето на правната и на фискалната рамка за граѓанските организации и во мобилизацијата на ресурси”, рече Емина Нурединоска, соработник на проекти во МЦМС и ко-автор на публикацијата „Јавниот интерес и граѓанските организации“.

Таа додаде дека публикацијата треба да послужи како лобирачка алатка и основа за формулација на нови законски одредби за статусот од јавен интерес за здруженијата на граѓани и фондациите, што ќе значи и создавање на услови за домашен систем на поддршка за одржливост на граѓанскиот сектор.   

Катерина Хаџи-Мицева, постар правен советник во Европскиот центар за непрофитно право и ко-автор на публикацијата „Економски активности на граѓанската организација“ изјави дека и оваа публикација е резулатат на потребата да се придонесе кон надградбата на правната рамка за граѓанските организации особено во делот на можноста за директно вршење економски активности од страна на граѓанските организации што претставува основен извор за нивна финасиска одржливост секаде во светот.

e2

„Целта на ЦИРА како издавач на публикацијата „Социјални услуги и самофинансирачки активности на граѓанските организации“ е да ги приближат практиките на реализирање услуги и економски активности од страна на граѓанските организации во Република Македонија врз основа на извештајот од истражувањето„, истакна Зоран Стојковски извршен директор на ЦИРА и ко-автор на публикацијата „Социјална услуга и самофинансирачки активности на граѓанските организации.

Тој рече дека целта на публикацијата е да се стекне разбирање за потребите од поддршка на непрофитните организации и на организаците во заедниците кои сакат да ја диверзифицираат својата основа на приходи преку социјални услуги и економски активности.

 

Google translate

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Проекти

Кодекс за граѓански организации

 

Civica Mobilitas

Отчетни ГО

Граѓански ресурсен центар

 

СЕЛДИ

Се наоѓаш тука  : Fillimi Lajme dhe opinioni Lajme Промовирани три публикации од областа на законската рамка за граѓанските организации