Поддршка на организациите за развој на планови за социјален маркетинг - Macedonian Center for International Cooperation

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Поддршка на организациите за развој на планови за социјален маркетинг PDF Print E-mail
Tuesday, 20 May 2025 08:20

Сајмон Форестер, меѓународниот експерт на Цивика мобилитас имаше консултативни средби со пет граѓански оргнизации, актуелни грантисти на програмата на кои се разговараше за развивање планови за социјален маркетинг. Посетите се одвиваа во периодот од 12 до 14 мај 2025 година, како продолжение на претходните обуки и работилници посветени на одржливо финансирање.

ADI

Претставниците на Гласен текстилец – Штип, Асоцијацијата за демократска иницијатива  (АДИ) – Гостивар, Центарот за едукација и развој (ЦЕД) – Теарце, Центарот за младински активизам – КРИК– Скопје и Центарот за климатски промени – Гевгелија преку ваквата персонализирана поддршка во изработката на социјални маркетинг планови добиваат стратешки алатки кои ќе им помогнат подобро да ја позиционираат својата мисија, да ја зголемат видливоста и да обезбедат дополнителни ресурси за самоодржливост.

KRIK

На секоја од средбите се анализираше тековната практика за комуникација на организацијата, се идентификуваа целни групи и се развиваа идеи за кампањи и пораки кои ќе можат да се користат за промоција и мобилизација поддршка. Сајмон Форестер  понуди практични алатки и примери, водејќи ги организациите низ процесот на развивање на сопствен пристап за социјален маркетинг.

Овие посети ја зајакнаа мисијата на Цивика мобилитас за градење силни, видливи и одржливи граѓански организации, кои се поврзани со заедниците на кои им служат и знаат како да ја пренесат својата порака.

 

Google translate

Follow Us

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Се наоѓаш тука  : Home News & Publicity News Поддршка на организациите за развој на планови за социјален маркетинг