Покана за консултации за Стратегијата на Владата за соработка со и развој на граѓанското општество и Акцискиот план 2025-2028 |
![]() |
![]() |
![]() |
Tuesday, 20 May 2025 09:36 | |
Одделението за соработка со невладините организации на Генералниот секретаријат на Владата во партнерство со проектот „ЕУ поддршка за Граѓанскиот ресурсен центар – фаза 2”, финансиран од Европската Унија, ги покануваат претставниците на граѓанските организации, релевантните државни органи, како и сите заинтересирани лица на онлајн консултации за новата Стратегија на Владата за соработка со и развој на граѓанското општество, со Акцискиот план 2025-2028. Консултативната средба ќе се одржи на 23ти мај 2025 година од 11:00 до 13:00 часот на платформата ЗООМ. На консултациите ќе биде презентирана и дискутирана петтата Стратегија на Владата за соработка со и развој на граѓанското општество, подготвена врз основа на пристигнатите предлози од граѓански организации и работата на работната група формирана за таа намена. Граѓанските организации и другите учесници ќе имаат можност да дадат мислење, коментари и дополнувања на Предлог-Стратегијата и Акцискиот план. Предлог-Стратегијата предвидува низа активности и мерки за создавање на поволна средина за функционирање и развој на граѓанското општество како што се унапредување на системот на државно финансирање на граѓанските организации, подобрување на правната рамка за донации и спонзорства во јавните дејности за олеснување на донирањето кон граѓанските организации, создавање на поттикнувачко правно окружување за социјално претприемништво, унапредување на правната рамка за здруженија и фондации итн. Втората приоритетна областа на Предлог-Стратегијата се однесува на зајакнување на соработката и партнерството меѓу граѓанските организации и јавните институции преку спроведување на мерки како што се: унапредување на процесот на консултации и учество на граѓанските организации во креирање, спроведување, следење и оценување на јавните политики, зајакнување на партнерството во процесите поврзани со европската интеграција како и континуирано работење на независен, репрезентативен, оперативен и ефективен Совет за соработка меѓу Владата и граѓанското општество. Доколку сте заинтересирани да се вклучите во консултациите, ве молиме регистрирајте го вашето учество со пополнување на формата на овој линк. Линк за вклучување на онлајн консултациите ќе биде пратен до сите пријавени учесници на 22 мај 2025. Прилог:
|