На секоја од средбите се анализираше тековната практика за комуникација на организацијата, се идентификуваа целни групи и се развиваа идеи за кампањи и пораки кои ќе можат да се користат за промоција и мобилизација поддршка. Сајмон Форестер понуди практични алатки и примери, водејќи ги организациите низ процесот на развивање на сопствен пристап за социјален маркетинг.
Овие посети ја зајакнаа мисијата на Цивика мобилитас за градење силни, видливи и одржливи граѓански организации, кои се поврзани со заедниците на кои им служат и знаат како да ја пренесат својата порака.