Организациите ги привршуваат стратегиите за интегритет - Macedonian Center for International Cooperation

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Организациите ги привршуваат стратегиите за интегритет PDF Print E-mail
Monday, 25 November 2024 09:30

Дванаесет грантисти на Цивика мобилитас ги завршија планираните работилници „Острови на интегритет“. За време на четвртата работилница што се одржа на 20 ноември 2024 година тие работеа на своите стратешки, и на акциските планови за интегритет на нивните организации.

mm

Акциските планови всушност беа разработка на стратегиите кои ги формулираа за време на претходните работилници, а кои опфатија три главни цели: 1) да се ограничат монополот и дискрецијата при носењето одлуки, 2) да се подобрат транспарентноста и отчетноста и 3) да се зголемат придобивките од работењето со интегритет и да се намалат загубите поради корумпираност.

MCMS 1

Дискусиите во текот на работилницата овозможија да се разјаснат дел од дилемите. За останатите предизвици, организациите ќе можат да се консултираат со нивните ментори. По работилницата, организациите ќе ги продолжат интерните разговори за планираните стратегии и активности и ќе го подготват првиот нацрт на Стратешкиот и на Акцискиот план. Овие документи ќе бидат финализирани по коментарите од менторките, а организациите ќе почнат да ги спроведуваат

од почетокот на следната година.

MCMS2350

 

Google translate

Follow Us

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Се наоѓаш тука  : Home News & Publicity News Организациите ги привршуваат стратегиите за интегритет