Организациите ги привршуваат стратегиите за интегритет - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Организациите ги привршуваат стратегиите за интегритет PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike
E hënë, 25 nëntor 2024 09:30

Дванаесет грантисти на Цивика мобилитас ги завршија планираните работилници „Острови на интегритет“. За време на четвртата работилница што се одржа на 20 ноември 2024 година тие работеа на своите стратешки, и на акциските планови за интегритет на нивните организации.

mm

Акциските планови всушност беа разработка на стратегиите кои ги формулираа за време на претходните работилници, а кои опфатија три главни цели: 1) да се ограничат монополот и дискрецијата при носењето одлуки, 2) да се подобрат транспарентноста и отчетноста и 3) да се зголемат придобивките од работењето со интегритет и да се намалат загубите поради корумпираност.

MCMS 1

Дискусиите во текот на работилницата овозможија да се разјаснат дел од дилемите. За останатите предизвици, организациите ќе можат да се консултираат со нивните ментори. По работилницата, организациите ќе ги продолжат интерните разговори за планираните стратегии и активности и ќе го подготват првиот нацрт на Стратешкиот и на Акцискиот план. Овие документи ќе бидат финализирани по коментарите од менторките, а организациите ќе почнат да ги спроведуваат

од почетокот на следната година.

MCMS2350

 

Google translate

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Проекти

Кодекс за граѓански организации

 

Civica Mobilitas

Отчетни ГО

Граѓански ресурсен центар

 

СЕЛДИ

Се наоѓаш тука  : Fillimi Lajme dhe opinioni Lajme Организациите ги привршуваат стратегиите за интегритет