Тетјана Лазаревска – Извршен директор на МРФП |
Wednesday, 24 September 2008 01:00 | |||
Лазаревска е избрана од Одборот на старатели на МРФП, а функцијата Извршен директот ќе ја врши во периодот 2008–2011 година.
Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП) го заврши изборот за Извршен директор за периодот 2008-2011. Согласно новиот Статут на МРФП (бр. 01-67/1-2008), досегашната функција Застапник на МРФП е заменета со нова функција, Извршен директор. По предлог на Институцијата за раководење со МРФП (Македонскиот центар за меѓународна соработка – МЦМС), Одборот на старатели на МРФП ја именува Тетјана Лазаревска за Извршен директор на МРФП. Тетјана Лазаревска е родена на 19 мај 1961 година. По професија е дипломиран економист. По завршување на студиите до 1997 година работи во Младинскиот совет на Македонија. Во истиот период е со-сопственик на македонско холандска компанија и овластен сметководител на повеќе македонски компании. Во МЦМС работи од 1997 г., а од 2002 година е раководител на одделението за вработување. Основач е и член на неколку домашни и меѓународни граѓански организации. Во периодот 1998 година до 2008 година застапник на МРФП беше Сашо Клековски. Тетјана Лазаревска ќе ја преземе функцијата Извршен директор на МРФП од 15.10.2008 година.
|