Преку обуки за лидерски вештини спортистките ги надминуваат дискриминаторските политики и структурните бариери - Macedonian Center for International Cooperation

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Преку обуки за лидерски вештини спортистките ги надминуваат дискриминаторските политики и структурните бариери PDF Print E-mail
Friday, 28 June 2024 10:44

Во рамките на проектот „Фер Игра: поддршка на родова еднаквост во спортските политики“, во изминатиот период се одржаа три работилници за зајакнување на лидерските вештини кај младите спортистки.

IMG e0ad39288981e69492ab09945e3925e6 V MCMS

 

На дводневните работилници учествуваа повеќе од педесет девојки од Тетово, Гостивар, Струга и Скопје, кои градат успешна кариера во ракомет, одбојка, фудбал, карате, џудо, сноубординг, атлетика, тенис и други спортови. Учесничките имаа можност да бидат едуцирани за родово дискриминаторските политики и структурните бариери кои го ограничуваат потенцијалот на жените во спортот, како и за успешните стратегии за надминување на овие предизвици.

Девојките ги препознаа сличните бариери со кои се соочуваат во спортот, како што се нееднаквиот третман и поддршка при обезбедување на исти услови за тренинг, спортска опрема и униформи, како и при патување за натпревари. Исто така, тие истакнаа недостаток на жени тренери, со кои би се чувствувале посигурно, очекувајќи дека тие повеќе би ги разбирале нивните проблеми.

IMG a22a7ad2bea42f5743e101aed46dfbf3 V MCMS

По делот на мапирање и идентификација на системските бариери, преку индивидуални и групни вежби, учесничките ги подобрија своите меки вештини и познавањето на ефективни комуникациски стратегии и вештини за преговарање. Дополнително, работилниците беа фокусирани на инклузивно лидерство и лидерство засновано на вредности.

Целта на овие работилници е да придонесат кон зголемување на бројот на жени лидерики во спортот и поголема родова застапеност на жени на одлучувачки позиции во спортскиот сектор. Еден од заклучоците на работилниците е дека девојките и младите жени во спортот ретко имаат можност да учествуваат на обуки за зајакнување и ретко имаат можност за вмрежување и создавање меѓусебни партнерства.

IMG 8b48161af92c342918578753f9b3a73a V MCMS

Проектот го спроведуваат Олимпсикиот комитет на С. Македонија (како координатор), Македонскиот центар за меѓународна соработка, Спорт Соушл Солушнс и Македонски Параолимписки комитет. Проектот е финансиски поддржан од Европската Унија.

 

Google translate

Follow Us

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Се наоѓаш тука  : Home News & Publicity News Преку обуки за лидерски вештини спортистките ги надминуваат дискриминаторските политики и структурните бариери