Компаниите се плашат да пријават корупција, но веруваат дека построги казни ќе помогнат - Macedonian Center for International Cooperation

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Компаниите се плашат да пријават корупција, но веруваат дека построги казни ќе помогнат PDF Print E-mail
Tuesday, 25 June 2024 14:29

Стопанската комора на Северна Македонија, денес одржа прес конференција каде беа презентирани резултатите од Анкетата со приватниот бизнис сектор за прашања поврзани со корупција. Потпретседателот на комората, Зоран Јовановски, пресот го започна со презентирање на индексот за перцепција за корупција и рангирањето на Северна Македонија на 76 место во регионот, и продолжи со клучните наоди од анкетата посочувајќи ги најголемите предизвици со кои компаниите се соочуваат.

1719320082259253

Според анкетата која се спроведе во месец март 2024 година (а важи за 2023г.), одговориле 138 компании од кои 75 дале целосни одговори, а останатите делумно. Истата опфати повеќе прашања во врска со искуството на компаниите со корупцијата, во какви ситуации се соочиле со истата и какви биле нивните реакции. Компаниите (83% од нив) корупцијата ја посочуваат како топ 3 проблем на земјата. Клучните податоци воедно покажуваат дека на над половина (51,2%) од анкетираните им биле побарани помеѓу 1и 10 илјади евра и по тој сооднос од 31 до 51 од компаниите одговориле дека ништо не презеле во врска со барањето.

Како главни пречки за непријавување на коруптивните дејствија 42 од компаниите одговориле дека не веруваат дека таквата реакција би имала ефект, а 39 дека се плашат од негативни последици за нивниот бизнис. Како последица од неприфаќање на коруптивно барање, 48% од компаниите одговориле дека биле пролонгирани нивните бизнис активности. Исто така, за главни причини за постоењето на корупцијата, 57 одговориле дека судскиот систем е неефикасен и други 57 проблемот го посочуваат кај поединците што ја преставуваат власта и желбата за брзо богатење. Повеќе за податоците од анкетата кликнете на видеото во прилог емитувано од Македонската информативна агенција (МИА).

Стопанската комора во рамките на програмата „Граѓаните против корупцијата“ ги најави и идните активности за втората година меѓу кои се вбројуваат: Потпишување на Меморандум за соработка со Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК), реализација на обуки за вкупно 150 компании, изработка на Кодекс за етичко однесување за приватниот сектор и работилници за борба против корупцијата кои освен компаниите ќе ги вклучи медиумите и граѓанските организации.

1719320082943475

Активноста се реализираше во рамките на програмата „Граѓаните против корупцијата“ која ја имплементира Македонскиот центар за меѓународна соработка во партнерство со Центарот за граѓански комуникации (ЦГК), Институтот за демократија „Социетас Цивилис“, Скопје (ИДСЦС), Стопанската комора на Северна Македонија (СКСМ), 360 Степени, Истражувачка репортерска лабораторија, Македонија (ИРЛ) и Балканска истражувачка репортерска мрежа, Македонија (БИРН) и е подржана од УСАИД.


Related:

 

Google translate

Follow Us

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Се наоѓаш тука  : Home News & Publicity News Компаниите се плашат да пријават корупција, но веруваат дека построги казни ќе помогнат