Спроведувањето на „Острови на интегритет“ ќе започне во септември - Macedonian Center for International Cooperation

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Спроведувањето на „Острови на интегритет“ ќе започне во септември PDF Print E-mail
Tuesday, 25 June 2024 11:18

Привршуваат подготовките за дизајнирање на обуката „Острови на интегритет“ кои се одвиваат под водство на надворешната експертка Ана Василаче од Романија. Тие започнаа во текот на мај оваа година, а се финализираа на работилницата одржана на 18 и 19 јуни 2024 година во Скопје.

Слика 1

Оваа обука, наменета за грантистите на Цивика мобилитас, е дел од планот за јакнење на капацитетите на граѓанските организации. Базирана е на докажана методологија за зајакнување на персоналното чувство на интегритет кај поединецот; располага со функционални алатки за заедничко лидерство и предлог на системски и организациски промени со цел да се застане на патот на корупцијата.

Методологијата на која се базира програмата е успешно применета, во претходните години, во повеќе земји во Европа, од страна на сертифицирани експерти за антикорупција. Покрај Василаче, во спроведувањето на обуката ќе бидат вклучени уште четири соработници на Цивика мобилитас од Македонија.

За првиот циклус од обуката ќе бидат селектирани 12 граѓански организации кои ќе поминат низ четири работилници кои ќе се одвиваат од септември до ноември оваа година. Тимот на Цивика мобилитас планира да го повтори циклусот за организациите кои нема да бидат дел од првата група.

 

Google translate

Follow Us

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Се наоѓаш тука  : Home News & Publicity News Спроведувањето на „Острови на интегритет“ ќе започне во септември