Половина од предлог-законите во 2023 се без консултации на ЕНЕР - Macedonian Center for International Cooperation

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Половина од предлог-законите во 2023 се без консултации на ЕНЕР PDF Print E-mail
Wednesday, 26 June 2024 09:17

Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и Граѓанскиот ресурсен центар (ГРЦ) го објавија извештајот „Огледало на Владата за 2023 година во кој се следи и анализира Единствениот национален електронски регистар на прописи (ЕНЕР – www.ener.gov.mk). Истражувањето покажува дека во 2023 година 51,4% од предлог-законите усвоени на Влада и доставени до Собрание биле објавени на ЕНЕР. Со Извештајот се констатира подобрување на состојбата во споредба со претходните години (37,0% во 2022г., 41,0% во 2021г. и 49,6% во 2019г).

ogledalo na vladata vovedna

Во 2023 година биле поднесени вкупно 72 предлог-закони од Владата до Собранието за кои што имало обврска да бидат ставени на ЕНЕР. За 37 од нив (51,4%) претходно бил објавен текстот на нацрт-законот на ЕНЕР. Што се однесува до минималниот периодот за коментирање од 20 дена, тој не е испочитуван само во еден случај.

Половина од предлог-законите доставени до Собрание биле со ЕУ знаменце. Вкупно 36 предлог-закони или точно половина од 72-та предлог-закони доставени до Собранието од страна на Владата во 2023 година биле доставени со ЕУ знаменце, а 22 од тие 36 предлог-закони биле доставени по скратена постапка (61,0%). Од овие 36 предлог-закони со ЕУ знаменце 24 (66,7%) биле претходно ставени на ЕНЕР за консултации со јавноста. Во 2023 година имаше неколку примери на носење предлог-закони со европско знаменце кога главната цел не беше усогласување со правото на ЕУ. Таков беше случајот со измените на Кривичниот законик како и петте предлог-закони на Владата поврзани со изградбата на коридорите 8 и 10-д. Во сите овие предлог-закони не е јасна употребата на процедурата на знаменце на ЕУ и не е целосно јасно поврзана со законите кои првенствено имаат за цел усогласување на националното право со правото на Европската Унија.

Граѓаните и граѓанските организации умерено го користат ЕНЕР за да ги кажат своите мислења за предлог-законските решенија во рана фаза на подготовка. Поставени се 204 коментари за 36 од вкупно 59 предлог-закони објавени на ЕНЕР во 2023г. Најголем број коментари се дадени за следните предлог-закони: Предлог на Закон за културата (33); Предлог на Закон за социјални претпријатија (22); Предлог на Закон за градење (21); Предлог на Закон за системот на плати во јавниот сектор (18). Прашање за подлабока анализа е дали причината за слабиот интерес на граѓаните е резултат на недостатокот на повратни одговори од министерствата на коментарите на граѓаните. Во периодот на следење, министерствата објавиле 42 повратни одговори на ЕНЕР на вкупно 204 поставени коментари (20%) од граѓаните и граѓанските организации, при што голем дел од овие одговори се само информација дека коментарите ќе бидат разгледани.

publikacija ogledalo na vladataПродолжува заобиколувањето на консултативниот процес преку изборот на предлагачи. Вкупно 78 од предложените 193 закони (40%) се на предлог на пратениците. Собранието на Република Северна Македонија нема обврска да спроведува консултативен процес за предлог-закони кои се на предлог на пратеници и овластени предлагачи на закони. Така, за значаен процент од предлог-законите се оневозможуваат консултациите со засегнатите страни и подлежат исклучиво на законодавна постапка за донесување на закони. Имајќи го предвид ова, закони кои се од суштинско значење за правното опкружување може да бидат изгласани без јавноста да биде консултирана.

Подготовката на овој Извештај е дел од проектот „ЕУ поддршка за Граѓанскиот ресурсен центар – фаза 2“ кој е финансиран од Европската Унија. Покрај годишните извештаи, редовно се објавуваат и неделни и месечни прегледи. Целта е да се подобри информираноста на граѓаните и граѓанските организации и да се поттикнат да учествуваат во раните фази на подготовката на законите.


Related:

 

Google translate

Follow Us

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Се наоѓаш тука  : Home News & Publicity News Половина од предлог-законите во 2023 се без консултации на ЕНЕР