Бетонирано е финансирањето на граѓанските организации од централниот буџет на само 4% од нивните вкупни приходи - Macedonian Center for International Cooperation

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Бетонирано е финансирањето на граѓанските организации од централниот буџет на само 4% од нивните вкупни приходи PDF Print E-mail
Thursday, 27 June 2024 13:25

Во 2023 г. приходот на граѓанските организации од централниот буџет изнесувал 332.318.473 денари, од овие средства 253.120.468 денари се доделни со јавен оглас додека 79.198.005 денари се доделени без јавен оглас. Како и изминатите години, повторно само 4% од вкупните приходи на граѓанските организации во 2023 г. биле од централниот буџет на државата. Споредбено со претходната година, уделот на централното финансирање останува приближно ист и изнесува околу 5.4 милиони евра. Гледано по буџетски корисници, особен пад има кај средствата доделени од Министерството за здравство, во 2022 г. биле доделени околу 24 милиони денари додека во 2023 г. приближно 17 милиони денари. За разлика од нив, Министерството за труд и социјална политика во 2023 г. го зголеми финансирањето за околу 57% споредбено со претходната година. Зголемување на сумата доделена за граѓанските организации во 2023 г. се забележува и кај Министерство за економија, Министерство за локална самоуправа и Агенцијата за остварување на правата на заедниците. Додека кај останатите органи на државната управа нема поголеми промени во доделените средства за граѓанските организации.

Mcms Infografik finalni 01

Приходи на граѓански организации од државно финансирање на централно ниво за 2023 година.

Иако во 2023 г. во неколку наврати се состануваше работната група предводена од Министерство за правда за измени и дополнувања на Законот за здруженија и фонадации, сепак изостана волја измените на законот да се донесат и со тоа да се унапреди озвозможувачката околина за развој на граѓанското општество. За жал, најголемo назадување во однос на исполнувањето на Стратегијата на Владата за соработка со и развој на граѓанското општестево 2022-2024, останува да биде реформата на државното финансирање. Оваа реформа треба да внесе поголема транспарентност, отчетност и ефикасност на средствата со кои се застапуваат и остваруваат правата на граѓаните на локално и национално ниво во Македонија. А поставените таргети во Стратегијата за учеството на државното финанирање во приходите на граѓанските организации од 30% остануваат да бидат неостварена цел и понатака.

Mcms Infografik finalni 03

Највисок и најнизок доделен грант од државно финансирање на централно ниво за 2023 година.

Во 2023 г. најнизок доделен грант за граѓанска организација од централниот буџет изнесува 18.475 денари и го доделило Министерството за култура за Комитетот за византологија и медиевистика. Додека, највисокиот доделен грант изнесува 11.165.000 денари и го доделило Министерството за труд и социјална политика на Националниот сојуз на слепи.

Mcms Infografik finalni 02

Планирани средства за граѓанските организации за 2024 година

Во Буџетот на Република Северна Македонија за 2024 г. од ставката 463 – трансфери до невладини организации планирани се 820.427.000 денари или околу 13 милиони евра. Во овие средства не се земени предвид средствата кои се доделуваат од Министерството за правда бидејќи најчесто средствата од ставката 463 се доделуваат на политички партии и Министерството за култура бидејќи нема планирано срества од оваа ставка, таму средства за граѓански организации се доделуваат од буџетската ставка 464. Останува да видиме дали овие средства ќе претрпат промени со ребалансот на Буџетот кој наскоро го најави новиот премиер. Имено, со најавениот ребаланс на Буџетот очекуваме да нема намалување на веќе планираните средства кои во 2024 г. се помалку од тие кои беа планирани претходната година. Уште повеќе, очекуваме новата Влада да се посвети и да ги донесе предлог измените во Законот за здруженија и фонадации кои ќе бидат консултирани со засегнатите страни и кои ќе допринесат за позитивни промени во граѓанското општество.

Застапуваме за реформа во државното финансирање на граѓанските организации!

 

Google translate

Follow Us

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Се наоѓаш тука  : Home News & Publicity News Бетонирано е финансирањето на граѓанските организации од централниот буџет на само 4% од нивните вкупни приходи