Најголем дел од мрежите немаат политики кои ја регулираат нивната работа - Macedonian Center for International Cooperation

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Најголем дел од мрежите немаат политики кои ја регулираат нивната работа PDF Print E-mail
Tuesday, 16 July 2019 15:25

mapiranje praktiki nivo na otcetnost na mrezite na goНајголем дел од мрежите (41%) немаат воспоставени политики кои ја регулираат нивната работа,  половина од нив спровеле стратешко планирање, а 48% подготвуваат финансиски извештаи. Ова се дел од податоците објавени во извештајот „Мапирање на практики: ниво на отчетност на мрежите на граѓанските организации“.

Мапирањето беше спроведено за да се идентификуваат практиките и нивото на отчетност и транспарентност на мрежите на граѓански организации во земјава, како и да се подготват препораки за интервенција при градењето на нивните капацитети. Наодите од овој извештај ќе послужат и за програмирање на повикот за грантови за мрежи на граѓански организации кој ќе биде објавен во рамки на програмата „Одржливо граѓанско општество – државно финансирање на граѓански организации“.

Истражувањето се спроведе во текот на јануари 2019 година преку онлајн прашалник. Со него беа таргетирани 69 активни мрежи кои дејствуваат во државата, од кои 29 одговорија на прашалникот.

Програмата „Одржливо граѓанско општество – државно финансирање на граѓански организации“ е финансирана од Европската Унија.


Related:

 

Google translate

Follow Us

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Се наоѓаш тука  : Home News & Publicity News Најголем дел од мрежите немаат политики кои ја регулираат нивната работа