За бегството на Никола Груевски, одговорноста и притворите - Macedonian Center for International Cooperation

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

За бегството на Никола Груевски, одговорноста и притворите PDF Print E-mail
Friday, 30 November 2018 23:42

МЦМС и Телевизија Телма го проверуваа јавното мислење за бегството на поранешниот премиер Никола Груевски како и за изречените мерки притвор за неговите блиски соработници кои уследија по бегството. Истражувањето покажа дека мнозинство од граѓаните (52,3%) не го одобруваат политичкиот азил на поранешниот премиер Никола Груевски, за разлика од 21,1% кои го одобруваат. Поддршката е поголема кај етничките Македонци (25,8%), за разлика од етничките Албанци (11,9%).

20181130 график 3

Најголем број од испитаниците сметаат дека политичкиот азил е со знаење на власта (44,4%), додека четвртина од нив сметаат поинаку. Етничките Албанци (53,5%) се повеќе склони да веруваат дека бегството се случило со знаење на власта, за разлика од етничките Македонци (42,1%). Најголемата одговорност за бегството испитаниците ја лоцираат во Министерството за внатрешни работи и Министерот Оливер Спасовски (21,4%). Вкупно 15,8% сметаа дека власта е најодговорна, додека 15.0% сметаат дека сите се одговорни што покрај МВР и министерот Спасовски, ја вклучува власта, судот и унгарската власт.

Прашани за изречените мерки притвор за поранешниот прв разузнавач, Сашо Мијалков, за поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески и за поранешниот генерален секретар на Владата на Република Македонија, Кирил Божиновски, најголем број од граѓаните (49,0%) сметаат дека тие имаат цел да ги спречат другите бегства, додека секој петти смета дека тие се реванш за бегството на Никола Груевски. При тоа, етничките Албанци се побројни (57,4%) меѓу оние чиј став е дека станува збор за мерки за спречување на други бегства, а етничките Македонци се побројни меѓу оние со став дека станува збор за реванш за бегството на Никола Груевски.

За МЦМС и Телма, анкетата ја спроведе М-проспект. Податоците за анкетата беа прибирани со телефонска анкета во периодот од 21 до 27 ноември 2018 година. Анкетата е спроведена на национален репрезентативен примерок од 800 испитаници.

 

Истражувањето е дел од проектот „Топ тема на ваша страна“, што го поддржа УСАИД. 

 

Google translate

Follow Us

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Се наоѓаш тука  : Home News & Publicity News За бегството на Никола Груевски, одговорноста и притворите