Поголема соработка со општината бараат велешките организации - Macedonian Center for International Cooperation

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Поголема соработка со општината бараат велешките организации PDF Print E-mail
Monday, 05 November 2018 16:22

Финансирањето од страна на Општина Велес и нејзината соработка со граѓанскиот сектор беше главната тема на средбата на граѓанските организации (ГО) за време на Мобилниот ресурсен центар кој се одржа во соработка со Фондацијата Фокус на 24 октомври 2018 година. Организациите беа согласни дека Општината треба да најде соодветен механизам за вклучување на ГО во своето работење како партнери, со кои заеднички ќе делува за доброто на граѓаните. 

Pogolema sorabotka so opshtinata baraat veleshkite organizacii

„Особено е важно граѓанскиот сектор повторно да ја стекне довербата од општините со веќе изграден капацитет, искуство и постигнати резултати и заедно да ја надградат соработката преку креирање нови услуги и сервиси, се со цел да се зголеми квалитетот на живеење на граѓаните во локалните заедници“, истакна Димче Велев од Здружението на лица заболени со дијабетес „Шеќерче- Lollipop“. Тој додаде дека е потребно да постојат сериозни критериуми за соработка и делегирање надлежност кон граѓанските организации, а тие пак, да бидат посветени, транспарентни и отчетни во работата.

На средбата, учесниците ги истакнаа своите приоритети како што се: потребата од градење капацитети за подготвување проектни апликации, социјално претприемништво, како и навремено информирање за тековните случувања, активностите и можностите за финансирање на организациите.

Тимот на Граѓанскиот ресурсен центар, покрај презентацијата на проектните активности, ги информираше организациите и за надлежностите, составот и функционирањето на Советот за соработка и развој на граѓанскиот сектор, како и за приоритетите и активностите планирани во рамки на новата Стратегија за соработка и развој на граѓанскиот сектор 2018-2020. 

Граѓанскиот ресурсен центар е проект финансиран од Европската Унија, а спроведуван од Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) во партнерство со Асоцијацијата за демократски иницијативи (АДИ) од Гостивар и Медиа плус од Штип.


Related:

 

Google translate

Follow Us

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Се наоѓаш тука  : Home News & Publicity News Поголема соработка со општината бараат велешките организации