За бегството на Никола Груевски, одговорноста и притворите - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

За бегството на Никола Груевски, одговорноста и притворите PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike
E premte, 30 nëntor 2018 23:42

МЦМС и Телевизија Телма го проверуваа јавното мислење за бегството на поранешниот премиер Никола Груевски како и за изречените мерки притвор за неговите блиски соработници кои уследија по бегството. Истражувањето покажа дека мнозинство од граѓаните (52,3%) не го одобруваат политичкиот азил на поранешниот премиер Никола Груевски, за разлика од 21,1% кои го одобруваат. Поддршката е поголема кај етничките Македонци (25,8%), за разлика од етничките Албанци (11,9%).

20181130 график 3

Најголем број од испитаниците сметаат дека политичкиот азил е со знаење на власта (44,4%), додека четвртина од нив сметаат поинаку. Етничките Албанци (53,5%) се повеќе склони да веруваат дека бегството се случило со знаење на власта, за разлика од етничките Македонци (42,1%). Најголемата одговорност за бегството испитаниците ја лоцираат во Министерството за внатрешни работи и Министерот Оливер Спасовски (21,4%). Вкупно 15,8% сметаа дека власта е најодговорна, додека 15.0% сметаат дека сите се одговорни што покрај МВР и министерот Спасовски, ја вклучува власта, судот и унгарската власт.

Прашани за изречените мерки притвор за поранешниот прв разузнавач, Сашо Мијалков, за поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески и за поранешниот генерален секретар на Владата на Република Македонија, Кирил Божиновски, најголем број од граѓаните (49,0%) сметаат дека тие имаат цел да ги спречат другите бегства, додека секој петти смета дека тие се реванш за бегството на Никола Груевски. При тоа, етничките Албанци се побројни (57,4%) меѓу оние чиј став е дека станува збор за мерки за спречување на други бегства, а етничките Македонци се побројни меѓу оние со став дека станува збор за реванш за бегството на Никола Груевски.

За МЦМС и Телма, анкетата ја спроведе М-проспект. Податоците за анкетата беа прибирани со телефонска анкета во периодот од 21 до 27 ноември 2018 година. Анкетата е спроведена на национален репрезентативен примерок од 800 испитаници.

 

Истражувањето е дел од проектот „Топ тема на ваша страна“, што го поддржа УСАИД. 

 

Google translate

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Проекти

Кодекс за граѓански организации

 

Civica Mobilitas

Отчетни ГО

Граѓански ресурсен центар

 

СЕЛДИ

Се наоѓаш тука  : Fillimi Lajme dhe opinioni Lajme За бегството на Никола Груевски, одговорноста и притворите