Сиромаштијата и дискриминацијата во фокусот на граѓанските новинари - Macedonian Center for International Cooperation

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Сиромаштијата и дискриминацијата во фокусот на граѓанските новинари PDF Print E-mail
Friday, 21 September 2018 14:05

Спрега меѓу нас, новинарите, и граѓаните станува се поцврста и позначајна денеска кога новинарството станува сѐ побрзо заради социјалните мрежи и намалувањето на дописничките  мрежи. Граѓанските новинари со проблемите кои ни ги посочуваат, ни отвораат нови аспекти и ни даваат повод да правиме емисии и стории“, изјави Сања Васиќ, уредник и новинар во Телевизија Телма, на денешното доделување на наградите за граѓанско новинарство во организација на МЦМС и Телма.

Siromashtijata i diskriminacijata vo fokusot na gragjanskite novinari

На овој конкурс пристигнаа 41 пријава, што е најмногу досега. Ирена Поповска за приказната „Дефект“, Дарко Гоцевски за приказната „Сиромаштијата во измачените лица на чесните граѓани на мојата напатена татковина“ и Љубен Тодороски за приказната „Заслуживме функционален здравствен систем“ се тројцата граѓански новинари и трите наградени приказни. Гоце Цветков, Виктор Поповски и Филип Неделковски добија награди за фотографии на тема сиромаштија и родова (не)еднаквост. Покрај ова, беа доделени и две признанија и тоа на Нуредин Исејновски за приказната „Читај на глас“ и на Ана Ристевска за фотографијата на тема сиромаштија.

Гонце Јаковлеска, извршен директор на МЦМС, посочи дека ова e одлична можност за граѓаните сами да се изборат за тоа проблемите кои сметаат дека се важни да ги донесат повисоко на медиумската и општествената агенда. Таа додаде и дека обуките за граѓанско новинарство кои се одржуваат во рамки на проектот „Топ тема на ваша страна“ очигледно вродуваат со плод, со оглед на тоа што дел од 85-те обучени учесници се дел од наградените во изминатите конкурси.

Најголем дел од пријавите се однесуваа на сиромаштијата и дискриминацијата, за што Васиќ истакна дека е сигнал за новинарите да почнат повеќе да се занимаваат со оваа тема и да ја истакнуваат во иднина.

„Ви благодарам што во време кога ни се случуваат општествени дефекти со огромни размери и последици, вие препознавте важност и во мојот“, рече првонаградената Ирена Поповска. „Наградата им ја посветувам на сите кои мака мачат, меѓу другото, да влезат во автобус на ЈСП и им ветувам дека овој дефект ќе го отстраниме со нашиот препис“, заклучи таа.

Дарко Гоцевски, награден за неговата сторија за сиромаштијата, зборуваше дека бил инспириран од реален проблем на семејство во с. Тодоровци, Македонска Каменица. Со актуелизирање на нивната трогателна приказна се надева дека градежните компании, општината на Македонска Каменица и граѓанските активисти ќе можат да се вклучат и да помогнат. 

Конкурсот за граѓанско новинарство е една од активностите од проектот „Топ тема на ваша страна“ што го спроведуваат Телевизија Телма и МЦМС, а финансиски е поддржан од Агенцијата за меѓународен развој на САД (УСАИД).

 

Google translate

Follow Us

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Се наоѓаш тука  : Home News & Publicity News Сиромаштијата и дискриминацијата во фокусот на граѓанските новинари