Знаењата ќе се применат во работата |
Monday, 27 June 2016 09:43 | |||
„Ќе ги поттикнам и убедам колегите дека е корисно да имаме комуникациска стратегија и истата да ја изработиме“; „Ќе ја подобрам сликата за организацијата преку подобра презентација на нејзините продукти и ставови во медиумите и кај целните групи“; Ќе ја подобриме веб страната како и присуството на социјалните мрежи; Ќе напишам соопштение за јавност за наредниот настан што ќе го организираме“ – ова се дел од плановите што ги споделија учесниците на Обуката за односи со јавност по нејзиното завршување. Обуката ја организираше ТАКСО, а ја спроведе Ресурсниот центар водено од МЦМС во периодот од 7 до 10 јуни 2016 година во Скопје. Во интерактивна атмосфера, учесниците имаа можност да слушнат, но и да практицираат: подготовка на прес соопштение и прес конференција, подготовка на комуникациска стратегија, телевизиско интервју, презентациски вештини, презентирање на веб и социјални медиуми и пишување за веб. Учесниците, претставници на граѓански организации, изразија задоволство од можноста низ пракса да ги подобрат вештините за односи со јавност како и од можноста да ги споделат своите и да ги слушнат искуствата на другите учесници. Обуката ја спроведоа Гонце Јаковлеска и Борис Ристовски од МЦМС.
|