Работилница за организациски развој - Macedonian Center for International Cooperation

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Работилница за организациски развој PDF Print E-mail
Thursday, 16 June 2016 15:06

Запознавање со концептот на организацискиот развој на граѓанските организации и нивниот животен циклус беа темите на работилницата што се одржа на 16 јуни 2016 година во х. ТЦЦ Гранд Плаза, Скопје. На работилницата учествуваа претставници од дваесетте институционални грантисти од вториот повик на Цивика мобилитас, а ја водеше Ана Василаче, меѓународен експерт на програмата.

Rabotilnica 16620161

Покрај теоретските знаења, учесниците во помали групи правеа анализа за тоа во која фаза од животниот циклус се наоѓа нивната организација и кои чекори ќе треба да ги преземат за да ги надминат предизвиците со кои се соочуваат, односно како да преминат во следната, понапредна фаза од нивниот развој.

„Обуката е многу корисна, особено интеракцијата со другите учесници кои ги споделуваат своите мислења и искуства од досегашното функционирање на организациите. Несомнено оваа работилница ќе влијае позитивно на институционалниот развој на нашите организации“, рече Давид Алексовски од Центарот за интеркултурен дијалог од Куманово.

Rabotilnica 16620162

„Задоволен сум од текот на работилницата, бидејќи покрај тоа што ги прошируваме нашите знаења за процесот на организациски развој би ги истакнал и пријателското расположение и соработката помеѓу сите нас на работилницата“, истакна Димитри Голабоски од Здружението за развој и активизам – АКВА од Струга.

Оваа работилница е прва од циклусот работилници за организациски развој на граѓанските организации.

 

Google translate

Follow Us

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Се наоѓаш тука  : Home News & Publicity News Работилница за организациски развој