Знаењата ќе се применат во работата - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Знаењата ќе се применат во работата PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike
E hënë, 27 qershor 2016 09:43

„Ќе ги поттикнам и убедам колегите дека е корисно да имаме комуникациска стратегија и истата да ја изработиме“; „Ќе ја подобрам сликата за организацијата преку подобра презентација на нејзините продукти и ставови во медиумите и кај целните групи“; Ќе ја подобриме веб страната како и присуството на социјалните мрежи; Ќе напишам соопштение за јавност за наредниот настан што ќе го организираме“ – ова се дел од плановите што ги споделија учесниците на Обуката за односи со јавност по нејзиното завршување.

Znaenjata kje se primenat vo rabotata

Обуката ја организираше ТАКСО, а ја спроведе Ресурсниот центар водено од МЦМС во периодот од 7 до 10 јуни 2016 година во Скопје. Во интерактивна атмосфера, учесниците имаа можност да слушнат, но и да практицираат: подготовка на прес соопштение и прес конференција, подготовка на комуникациска стратегија, телевизиско интервју, презентациски вештини, презентирање на веб и социјални медиуми и пишување за веб.

Учесниците, претставници на граѓански организации, изразија задоволство од можноста низ пракса да ги подобрат вештините за односи со јавност како и од можноста да ги споделат своите и да ги слушнат искуствата на другите учесници.

Обуката ја спроведоа Гонце Јаковлеска и Борис Ристовски од МЦМС.

 

Google translate

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Проекти

Кодекс за граѓански организации

 

Civica Mobilitas

Отчетни ГО

Граѓански ресурсен центар

 

СЕЛДИ

Се наоѓаш тука  : Fillimi Lajme dhe opinioni Lajme Знаењата ќе се применат во работата