Јавна реaкција до Државната комисија за спречување на корупцијата |
Tuesday, 12 April 2016 11:51 | |||
Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата, денес (12 април 2016 година) упати јавен повик до Државната комисија за спречување на корупција да го почитува Законот за спречување на корупција врз основа на кој е формирана. Јавната реакција е резултат на изјавата на претседателот на ДКСК дадена на прес конференцијата одржана на 6 април 2016 година кога дозволи само делумен увид во анкетниот лист на поранешниот претседател на Владата на Република Македонија. Платформата ја оценува како несоодветна изјавата на претседателот на ДКСК, а неговата постапка е без законска основа. Платформата укажува дека Законот не содржи одредба со која се уредува:
Членките на Платформата ја повикаа Комисијата да ги објави анкетните листови на сите членови на Комисијата и потсетија дека информациите во анкетните листови се од јавен интерес, а потребата од увид во овие информации не треба никому посебно да му се објаснува и образложува.
|