Корупцијата не е нешто со што треба да се помириме! - Macedonian Center for International Cooperation

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Корупцијата не е нешто со што треба да се помириме! PDF Print E-mail
Wednesday, 09 December 2015 17:02

Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата, чија членка е и МЦМС, денес (9 декември 2015 година) одржа прес конференција по повод Меѓународниот ден за борба против корупцијата. „Ги повикуваме сите чинители во општеството: избраните и именуваните функционери, службените лица, граѓанските организации, медиумите, приватниот сектор, синдикатите и сите ние како поединци да делуваме проактивно во сузбивањето на корупцијата“, се вели во соопштението на Платформата.

Platforma na graganski organizacii 1

„Денес освен Меѓународниот ден за борба против корупцијата, Платформата одбележува и една година од основањето“, рече во своето обраќање Марија Саздевски од МЦМС и им се заблагодари на медиумите затоа што ги следат активностите и овозможуваат да бидат пренесени до оние на кои им се упатени. Во текот на првата година од постоењето, Платформата, преку заеднички реакции, тежнееше да биде коректив на состојбите и будно ја следеше ефективноста, транспарентноста и интегритетот на државните институции, и предлагаше мерки за поефикасно сузбивање на корупцијата.

Организациите се придружија на глобалната кампања на Обединетите Нации за борба против корупцијата под мотото „Да го прекинеме синџирот на корупцијата”. „Корупцијата не е нешто со што треба да се помириме и затоа ги повикуваме сите засегнати страни во општеството да дејствуваат за да се прекине синџирот на корупцијата во земјата“, рече Саздевски.

Миша Поповиќ се осврна на клучните институции во борбата против корупцијата. „Потребно е да се зголемат надлежностите и ресурсите на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) за да се овозможи нејзина поактивна улога во борбата против корупцијата“, рече Поповиќ и додаде дека Комисиата треба да обезбеди подобра соработка со граѓанскиот сектор и граѓанските организации. Платформата изрази поддршка до Јавното обвинителство на Република Македонија и Јавно обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите (Специјалното јавно обвинителство) да постапат по сомневањата за корупција од високо ниво.

Platforma na graganski organizacii 2

Членките на Платформата изразија загриженост заради невклучувањето на јавноста во подготовката на предлог-законите и предлог законските измени кои произлегуваат од Политичкиот договор од 2 јуни и 15 јули. Тие особено забележаа за Предлог-законот за заштита на укажувачите кој е од исклучителна важност за борбата против корупцијата а во текот на неговото донесување истиот не бил предмет на никакви пошироки парламентарни консултации со јавноста и граѓанскиот сектор.

Платформата ја сочинуваат 15 граѓански организации. Нејзината цел е проактивно, динамично и оспособено граѓанско општество кое ќе игра значајна улога во борбата против корупцијата.

 

Google translate

Follow Us

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Се наоѓаш тука  : Home News & Publicity News Корупцијата не е нешто со што треба да се помириме!