Дебата „Слобода на вероисповед: Состојбата и предизвиците на верската дискриминација“ |
Thursday, 28 November 2013 13:00 | |||
На 29 ноември 2013 г. (петок) во 11:00 ч. Холидеј Ин во Скопје МЦМС организира дебата „Слобода на вероисповед: Состојбата и предизвиците на верската дискриминација“. Целта на дебатата е да се дискутира моменталната состојба во Македонија како и европските искуства и практики во справувањето на дискриминација по верска основа. Воведни излагања ќе имаат Беким Кадриу, универзитетски професор и Ирена Митевска, член на КЗД. Настанот ќе го фасилитира Александар Кржаловски, Прв извршен директор на МЦМС. Присутните ќе можат активно да се вклучат во дискусија, изнесувајќи ги своите идеи и коментари кои ќе бидат соодветно проследени и кон кои ќе се насочат решенијата во иднина. Со задоволство Ве покануваме да се придружите на настанот, Вашето присуство ќе придонесе за исполнување на целите на проектот - почитувањето на еднаквоста и борбата против дискриминацијата. Дебатата е дел од активностите на проектот „Од норма до пракса за еднаквост“ кој го спроведува МЦМС во партнерство со Полио плус – движење против хендикеп, Министерството за труд и социјална политика и Комисијата за заштита од дискриминација. Проектот финансиски е поддржан од програмата Прогрес (2007-2013) на Европската Унија. Главната цел на проектот е да се придонесе кон почитувањето на еднаквоста, како и да се поттикне борбата против дискриминацијата, преку подигнување на свеста на широката јавност, но и на клучните чинители во општеството. Понатаму, преку проектот ќе се унапредат националните правни инструменти и механизми, со цел да се надминат најголемите предизвици во справувањето со дискриминацијата во пракса. За потврда на вашето присуство и за дополнителни информации контактирајте го Фисник Шабани преку е-маил This e-mail address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it или на телефон 070/632-692 и 02/3088-994. Преземи дневен ред за настанот.
|