Дебата „Слобода на вероисповед: Состојбата и предизвиците на верската дискриминација“ - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Дебата „Слобода на вероисповед: Состојбата и предизвиците на верската дискриминација“ PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike
E enjte, 28 nëntor 2013 13:00

На 29 ноември 2013 г. (петок) во 11:00 ч. Холидеј Ин во Скопје МЦМС организира дебата „Слобода на вероисповед: Состојбата и предизвиците на верската дискриминација“.

Целта на дебатата е да се дискутира моменталната состојба во Македонија како и европските искуства и практики во справувањето на дискриминација по верска основа. Воведни излагања ќе имаат Беким Кадриу, универзитетски професор и Ирена Митевска, член на КЗД. Настанот ќе го фасилитира Александар Кржаловски, Прв извршен директор на МЦМС. Присутните ќе можат активно да се вклучат во дискусија, изнесувајќи ги своите идеи и коментари кои ќе бидат соодветно проследени и кон кои ќе се насочат решенијата во иднина.

Со задоволство Ве покануваме да се придружите на настанот, Вашето присуство ќе придонесе за исполнување на целите на проектот - почитувањето на еднаквоста и борбата против дискриминацијата.

Дебатата е дел од активностите на проектот „Од норма до пракса за еднаквост“ кој го спроведува МЦМС во партнерство со Полио плус – движење против хендикеп, Министерството за труд и социјална политика и Комисијата за заштита од дискриминација. Проектот финансиски е поддржан од програмата Прогрес (2007-2013) на Европската Унија.

Главната цел на проектот е да се придонесе кон почитувањето на еднаквоста, како и да се поттикне борбата против дискриминацијата, преку подигнување на свеста на широката јавност, но и на клучните чинители во општеството. Понатаму, преку проектот ќе се унапредат националните правни инструменти и механизми, со цел да се надминат најголемите предизвици во справувањето со дискриминацијата во пракса.

За потврда на вашето присуство и за дополнителни информации контактирајте го Фисник Шабани преку е-маил Kjo Adresë e Postës Elektronike është e mbrojtur nga reklamat e pa dëshirueshme.Ju duhet JavaScript e lejuar për ta shikuar atë или на телефон 070/632-692 и 02/3088-994.

Преземи дневен ред за настанот.

 

Google translate

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Проекти

Кодекс за граѓански организации

 

Civica Mobilitas

Отчетни ГО

Граѓански ресурсен центар

 

СЕЛДИ

Се наоѓаш тука  : Fillimi Lajme dhe opinioni Lajme Дебата „Слобода на вероисповед: Состојбата и предизвиците на верската дискриминација“