Дебата: Состојбата и предизвиците на дискриминација по основ на етничка припадност |
Monday, 02 December 2013 15:52 | |||
Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) со задоволство Ве поканува да учествувате на дебатата „Состојбата и предизвиците на дискриминација по основ на етничка припадност“ која ќе се одржи на 5 декември 2013 г. (четврток) во 11:00 ч. во Холидеј Ин во Скопје. Вашето присуство ќе го збогати настанот и ќе придонесе кон подигање на јавната свест и свеста на носителите на одлуки кон почитувањето на еднаквоста и борбата против дискриминацијата, особено дискриминацијата на етничка основа. На дебатата ќе се дискутира за актуелните состојби во Македонија како и европските искуства и практики во справувањето на дискриминација на етничка основа. Воведни излагања ќе имаат Агим Нухиу, универзитетски професор и член на КЗД и Љуљзим Хазири, програмски директор на АДИ. Настанот ќе го фасилитира Илина Мангова, ИДСЦС. Присутните ќе можат активно да се вклучат во дискусија, изнесувајќи ги своите идеи и коментари кои ќе бидат соодветно проследени и кон кои ќе се насочат решенијата во иднина. Дебатата е дел од активностите на проектот „Од норма до пракса за еднаквост“ кој го спроведува МЦМС во партнерство со Полио плус, Министерството за труд и социјална политика и Комисијата за заштита од дискриминација. Проектот финансиски е поддржан од програмата Прогрес (2007-2013) на Европската Унија. За потврда на вашето присуство и за дополнителни информации контактирајте го Фисник Шабани преку е-маил This e-mail address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it или на телефон 070/632-692 и 02/3088-994. Преземи дневен ред за настанот.
|