Регионална соработка на МЦМС - Macedonian Center for International Cooperation

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Регионална соработка на МЦМС PDF Print E-mail
Monday, 30 September 2013 00:00

logo-black-sea-ngo-forumАлександар Кржаловски, првиот извршен директор на МЦМС учествуваше на Црноморскиот НВО Форум, а потоа и на состанокот на Партнерството за ефективен развој на ГО што се одржаа во Букурешт, Романија во периодот од 4 до 6 септември 2013 година.

Црноморскиот НВО форум се одржа по шести пат, а го организира Романската федерација за развој на граѓанските организации. Овој годишен настан, како што велат организаторите, креира отворен простор за дебати, меѓусебно знаење и разбирање, комуникација и соработка меѓу претставниците на граѓанскиот сектор, владата и меѓународните организации активни во поширокиот регион на Црното Море со фокус на споделување на добрите практики во различни полиња и успешни приказни за регионална соработка.

На Форумот учествуваат и експерти и претставници на владите од целиот регион, од Ерменија, Азербејџан, Бугарија, Грузија, Грција, Молдавија, Турција, Украина, Русија и домаќините, Романија.

Шестиот Форум беше посветен на начините на кои граѓанскиот сектор ќе придонесе во одржлива и ефективна регионална соработка во проширениот регион на Црното Море, а во рамките на споделувањето добри практики, беше презентирана иницијативата за регионална соработка на земјите од Балтичкото и од Средоземното Море.

На состанокот на Партнерството за ефективен развој на ГО беше разговарано за сегашните активности во рамките на под-регионот на земјите кои не се членки на ЕУ, но и за тоа кои ќе бидат активностите во иднина. Состанокот беше искористен и за избор на претставник кој ќе го застапува овој под-регион на глобално ниво.

 

Google translate

Follow Us

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Се наоѓаш тука  : Home News & Publicity News Регионална соработка на МЦМС