Дали е овозможувачка околината за развој на граѓанскиот сектор? |
![]() |
![]() |
![]() |
Monday, 14 October 2013 14:33 | |||
Податоците ќе овозможат следење на развојот на граѓанското општество, информирање на релевантните чинители и притисок за развој на соодветна легислатива и нејзино доследно спроведување. На 4 април 2013 г., МЦМС ја претстави матрицата за следење на овозможувачката околина за развој на граѓанското општество, како алатка за следење на овозможувачката околина за граѓанските организации. Матрицата е составена од 3 области, 8 под-области и 151 индикатор. Развиена е од страна на претставници на организациите членки на Балканската мрежа за развој на граѓанското општество (БЦСДН) со поддршка на Извршната канцеларија на БЦСДН и Европскиот центар за непрофитно право. Наменета е за следење на овозможувачката околина на земјите од балканскиот регион, пред се, но со одредени прилагодувања може да се примени многу пошироко. Прашалникот е подготвен во рамки на проектот „Acquis на балканското граѓанско општество: Јакнење на потенцијалот и капацитетите на граѓанските организации за застапување и лобирање“. Проектот е спроведуван од БЦСДН и членките на БЦСДН, во партнерство со Европскиот центар за непрофитно право (ЕЦНЛ) и Европската мрежа на национални граѓански организации (ЕННА), а финансиски поддржан од Европската Унија.
|