Компјутерски вештини и странски јазици за жените од конфликтните подрачја |
Friday, 23 August 2013 15:36 | |||
Околу 100 жени кориснички на програмата „Оспособување на жените погодени од конфликтот (ОЖП)“ што ја спроведува МЦМС, на крајот од јули 2013 г. започнаа да посетуваат курсеви за подобрување на компјутерските вештини и познавањето странски јазик. Основни вештини за работа на компјутер ќе стекнат околу 50 жени од Чаир, Сарај, Теарце, Желино и Јегуновце. Со англискиот јазик ќе се запознаат или ќе го подобрат своето знаење околу 100 жени од веќе спомнатите општини како и од Липково и од Маврово и Ростуша. Курсевите ќе траат три месеци, а ги спроведуваат Центарот за странски јазици и „Флуент“ од Тетово. Жените беа идентификувани пролетта преку студијата за потребите и понудата на работна сила. Приоритет имаат жените кои изјавиле дека сакаат да посетуваат вакви курсеви, и кои се од семејства погодени од конфликтот или кои се во понеповолна социјална положба. Програмата е финансирана од Европската Унија во рамките на 4-та компонента на Инструментот за претпристапна помош (ИПА), а ко-финансирана од МЦМС, и се спроведува во партнерство со Флоренс Најтингел од Куманово, Инцијатива за европска перспектива од Скопје и Рекански бисер од Маврово и Ростуша. Целта на ОЖП е поддршка на пристапот на жените од регионите погодени од конфликтот до пазарот на трудот.
|