Компјутерски вештини и странски јазици за жените од конфликтните подрачја - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Компјутерски вештини и странски јазици за жените од конфликтните подрачја PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike
E premte, 23 gusht 2013 15:36

Околу 100 жени кориснички на програмата „Оспособување на жените погодени од конфликтот (ОЖП)“ што ја спроведува МЦМС, на крајот од јули 2013 г. започнаа да посетуваат курсеви за подобрување на компјутерските вештини и познавањето странски јазик.

Kurs za kompjuteri

Основни вештини за работа на компјутер ќе стекнат околу 50 жени од Чаир, Сарај, Теарце, Желино и Јегуновце. Со англискиот јазик ќе се запознаат или ќе го подобрат своето знаење околу 100 жени од веќе спомнатите општини како и од Липково и од Маврово и Ростуша. Курсевите ќе траат три месеци, а ги спроведуваат Центарот за странски јазици и „Флуент“ од Тетово. Жените беа идентификувани пролетта преку студијата за потребите и понудата на работна сила. Приоритет имаат жените кои изјавиле дека сакаат да посетуваат вакви курсеви, и кои се од семејства погодени од конфликтот или кои се во понеповолна социјална положба.

Kurs za jazici-testiranje1

Програмата е финансирана од Европската Унија во рамките на 4-та компонента на Инструментот за претпристапна помош (ИПА), а ко-финансирана од МЦМС, и се спроведува во партнерство со Флоренс Најтингел од Куманово, Инцијатива за европска перспектива од Скопје и Рекански бисер од Маврово и Ростуша. Целта на ОЖП е поддршка на пристапот на жените од регионите погодени од конфликтот до пазарот на трудот.

 

Google translate

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Проекти

Кодекс за граѓански организации

 

Civica Mobilitas

Отчетни ГО

Граѓански ресурсен центар

 

СЕЛДИ

Се наоѓаш тука  : Fillimi Lajme dhe opinioni Lajme Компјутерски вештини и странски јазици за жените од конфликтните подрачја