Како европските компании се снајдоа со економската криза |
![]() |
![]() |
![]() |
E enjte, 21 shkurt 2013 16:14 | |||
Со анкетата ќе бидат опфатени вкупно 29.950 компании и подружници, меѓу 300 и 1.650 зависно од големината на земјата. Во Македонија ќе бидат опфатени 500 компании. Интервјуата се спроведуваат со одговорниот раководител за човечки ресурси, како и со претставникот на работниците на работното место. Анкетата се спроведува по трет пат и нејзиниот фокус е организацијата на работата, иновациите на работното место, тимската работа, раководењето со човечките ресурси, претставувањето на вработените и нивната вклученост, како и социјалниот дијалог. Таа дава краток преглед на праксата на работните места и како тие се преговараат во европските компании. Се заснова на погледите на раководството и на претставниците на работниците, и е дизајнирана да прибере информации за практиките на работното место за да ги развие и процени социо-економските политики. Целта на третата анкета е да се увидат промените на работните места и практиките на раководење со човечките ресурси, учеството на вработените и социјалниот дијалог на работното место, како и перформансот од почетокот на економската криза. Претходно анкетата беше спроведена во 2004 г. и во 2009 г. МЦМС учествува во работата на Заедничкиот консултативен комитет за граѓанско општество на Македонија и Европската Унија, тело на Европскиот економски и социјален комитет, а во 2011 г. подготви и регионална студија за социјалниот дијалог во земјите од Западен Балкан.
|