Оспособување на жените погодени од конфликтот |
![]() |
![]() |
![]() |
Friday, 25 January 2013 15:54 | |||
Општата цел на програмата е подобрено вработување на жените погодени од конфликтот. Целта на програмата е поддржан пристап на жените погодени од конфликтот до пазарот на трудот. Целна група на програмата се жените од малцинските етнички заедници од регионите погодени од конфликтот. Директни кориснички ќе бидат околу 100 жени, претежно од албанската етничка заедница, но и од турската и ромската, како и жените – Македонки кои биле погодени од конфликтот. Програмата се фокусира на регионите погодени од конфликтот, поточно целното подрачје го сочинуваат седум општини од овие региони: Липково, Чаир и Сарај, Теарце, Желино, Јегуновце и Маврово и Ростуша. Резултати предвидени со програмата се:
Активности преку кои ќе се спроведе програмата се:
Периодот на спроведување е 7 ноември 2012 г. – 6 февруари 2014 г. Програмата ја спроведува МЦМС во соработка со три партнерски организации: Иницијатива за европска перспектива, Флоренс Најтингел и Рекански бисер. Програмскиот тим е составен од Даниела Стојанова, координатор на програмата, два соработника на проект, тројца помлади соработници на проекти, административен секретар и сметководител. Програмата вклучува и подразбира активен ангажман на повеќе актери. Во дел од активностите ќе бидат вклучени општинските власти, месните заедници, локалните деловни субјекти и др., како и Министерството за труд и социјална политика (МТСП). Буџетот на програмата изнесува 15.328.703 денари. Програмата е финансирана од Европската Унија во рамките на 4-та компонента на Инструментот за претпристапна помош - Оперативна програма за развој на човечки ресурси 2007-2013 и од сопствени приходи на МЦМС.
|