Органите на државната управа подготвени ќе ја дочекаат својата слика во „Огледалото“ - Macedonian Center for International Cooperation

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Органите на државната управа подготвени ќе ја дочекаат својата слика во „Огледалото“ PDF Print E-mail
Monday, 18 June 2012 11:30

Работилницата за методологијата за следење на отвореноста на органите на државната управа во подготовка на законите се одржа на 13 јуни 2012 г. во Скопје, во организација на МЦМС. Учествуваа претставници на институциите кои ќе бидат вклучени во пополнувањето на вториот прашалник за следење на вклученоста на јавноста во подготовката на законите.

IMG 0687

Петнаесет претставници на 13 државни институции на почетокот се запознаа со целите, резултатите и активностите на проектот „Огледало на Владата“.

Тина Дивјак, експерт од ЦНВОС од Словенија ја потенцираше важноста на следењето на отвореноста на институциите и ги претстави резултатите и искуствата од повеќегодишното спроведување на  методологијата во Словенија. 

Во вториот дел од работилницата, Емина Нурединоска и Марија Саздевски од МЦМС, ги претставија индикаторите за следење на вклучувањето на јавноста во подготовката на законите. Учесниците ги дадоа своите предлози и коментари за прилагодување на прашалникот на контекстот во Македонија, што ќе го олеснипополнувањето на прашалникот од страна на институциите.

IMG 0672

Проектот „Огледало на Владата: учество на јавноста во процесите на подготовка на закони” е поддржан од Европската Унија од инструментот за човекови права и демократијата (ЕИДХР). Целта на проектот е да се зголеми соработка на граѓанските организации со органите на државната управа во процесите на креирање политики и подготовка на закони. Проектот се спроведува во партнерство со ЦНВОС од Љубљана и Балканска мрежа за развој на граѓанското општество (БЦСДН).

 

Google translate

Follow Us

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Се наоѓаш тука  : Home News & Publicity News Органите на државната управа подготвени ќе ја дочекаат својата слика во „Огледалото“