МЦМС ја поддржа Месечина во апликацијата до Австралиската амбасада |
Monday, 30 January 2012 10:51 | |||
Александар Кржаловски, првиот извршен директор на МЦМС, на 26 јануари 2012 година учествуваше на средбата на австралиската амбасадорка др. Хелена Гај Студерт, со партнерската организација Месечина во Гостивар. Месечина, во рамките на програмата Пристап на Ромите до фондови (ПРФ), доби поддршка од МЦМС за подготовка на апликација до Амбасадата на Австралија, која беше одобрена. Со проектот, Месечина ќе направи мини-кампања за 8 април, меѓународниот ден на Ромите, за надминување на стереотипите за оваа етничка заедница.
|