Влијанието на граѓанските организации и околината во која делуваат - Macedonian Center for International Cooperation

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Влијанието на граѓанските организации и околината во која делуваат PDF Print E-mail
Wednesday, 22 June 2011 16:02

graganski-praktiki-br.13(Прес соопштение) МЦМС денес го издаде 13-то издание на публикацијата Граѓански практики која како и секогаш им нуди на читателите продлабочено гледање на граѓанското општество во Македонија.

Приказите кои се дел од ова издание се направени за потребите на најсеопфатното истражување на граѓанското општество Цивикус – Индекс на граѓанското општество и третираат теми поврзани со влијанието на граѓанските организации и околината во која дејствуваат.

Вкупно пет автори истражуваа на овие теми.

Во својот приказ м-р Илина Мангова оценува дека дел од граѓанското општество успеало да изврши делумно влијание на националната легислатива за недискриминација, но дека поголемо влијание не e остварeно поради големите разлики помеѓу дел од граѓанското општество и ставовите на владејачката партија.

М-р Боби Бадаревски заклучува дека женските граѓански организации се главните иницијатори и промотори на идејата за креирање родово чувствителни буџетски политики. Во поглед на процедурите, тие постојано инсистираа на примена на методите кои ќе поддржат родово чувствително буџетирање, а во однос на структурата, работат на зајакнување на професионалните капацитети на државните службеници.

Односите меѓу деловниот сектор и граѓанското општество гледани низ призмата на Општествената одговорност ги истражуваше Никица Кусеникова. Истражувањето покажува дека граѓанските организации не се значаен двигател на ООП во Р. Македонија. Ретки се примерите на ГО кои вршат притисок врз деловниот сектор и редовно го следат учинокот на претпријатијата во доменот на ООП.

Дали Стратегијата придонесе за подобрување на дијалогот меѓу владата и граѓан-ското општество, е темата на приказот на Симонида Кацарска. Оценката вели дека сора-ботката сè уште зависи од прашањето, институциите и личностите вклучени во неа.

Последниот приказ е на м-р Слаѓана Димишкова и се однесува на ограничувањата на слободата на здружување и дејствување. Авторката констатира дека слободата на здружување не е апсолутно право и истата има одредени ограничувања кои може да бидат од интерес на националната безбедност, за спречување нереди или кривично дело, за заштита на здравјето и моралот или за заштита на правата и слободите на другите.

Авторите на приказите користеа повеќе истражувачки методи: анкети, интервјуа, анализа на литература и сл. Постапката на избор на автори се одвиваше преку јавено глас објавен во печатените медиуми.

 

Google translate

Follow Us

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Се наоѓаш тука  : Home News & Publicity News Влијанието на граѓанските организации и околината во која делуваат